Monday, April 13, 2009

Погача со спанаќ




1 шоља обично брашно
2 шољи пченкарно брашно

3 јајца
1 шоља млеко

пола шоља зејтин
пола шоља кисела вода
1 прашок за пециво
малку сол
околу 300 gr. спанаќ
сусам или ленено семе за посипување

Сите состојки освен спанаќот се мутат со миксер, па се додава спанаќот, измиен, исцеден, исчистен и крупно исецкан и се промешува со лажица. Сето тоа се сипува во округло тавче со пречник околу 28 cm подмачкано со маргарин и се посипува со сусам или ленено семе или лупен сончоглед или семки. Се пече во загреана рерна на 220°C околу 35 минути.
Наместо спанаќ, може да не се стави ништо, или да се стави здробено сирење, пропржен праз, мелено месо, саламче...

Share/Bookmark

Friday, April 10, 2009

Непечена овошна торта




200 ml хопла, онаа без шеќер
4 шољи сецкано разно суво овошје (суви кајсии, сливи, смокви, грозје, урми, ананас, папаја, брусница...)
2 шољи истолчени O'cake колачи
по пола лажиче цимет, морско оревче, пимент, каранфилче

сè се меша, се става во тавче или пластична кутија и треба да отстои на ладно најмалку една недела. може да се стават и сецкани бадеми, лешници, ореви.

финта: ако имате суви кајсии кои станале тврди, лесно ќе омекнат ако ги сварите кратко во малку сок од портокал.
Share/Bookmark

Wednesday, April 8, 2009

Лахмаџун



Рецептот за лахмаџун е едноставен. Одете во Галерија 7 во Турска чаршија.

Share/Bookmark

Friday, April 3, 2009

Ќуфтиња од спанаќ


1 кг спанаќ или коприва или блитва
1 јајце
50 гр рендано сирење
2-3 лукчиња, смачкани
2 лажици презла
сол, бибер
малку маслиново масло
брашно, јајце и презла за валкање

спанаќот се вари кратко во малку вода, се цеди убаво и се сецка ситно :-). потоа му се додаваат сите други состојки освен оние за валкање. може да се додаде уште презла ако е смесата влажна. се прават ќуфтиња кои се валкаат прво во брашно, па јајце, па презла и се пржат од двете страни.

Share/Bookmark

Monday, March 30, 2009

Колаче со банани (Banana bread)





Ова колаче е добар начин да се искористат презреани меки банани. Значи:

3 зрели банани, смачкани или само исечени на парчиња ако се многу меки
125 g маргарин
1 шоља шеќер
2 јајца
2 шољи брашно
1 прашок за пециво
1 ванилин шеќер

Прво би требало да се изматат маргаринот и шеќерот, па да се додадат останатите состојки, една по една, ама јас ставам во вангла и матам со миксер сè одеднаш. Полесно и побрзо е, а се добива истото колаче. Може да се додаде шоља секцани ореви, лешници или чоколадо. Се пече во подмачкано тавче во загреана рерна на 150°C, околу 30-40 минути или во тавче за мафини на истата температура, само пократко време.
Share/Bookmark

Thursday, March 26, 2009

Салата од грав



една шоља сварен и исцеден грав
пола краставица, исечена на четвртинки кругчиња
маслиново масло
сок од лимон
сол, бибер

тостиран сусам
2-3 истолчени лукчиња
една лажица павлака
една лажица мајонез
една лажица соја сос
многу магдонос

сè се меша и се јаде одма.
Share/Bookmark

Wednesday, March 25, 2009

Cherry Pie



тесто:
250 gr (2 и 1/4 шољи) брашно, може да се измеша обично бело со интегрално пченично, 'ржано...)
1 лажица сода бикарбона
175 gr маргарин, на собна температура
3-5 лажици вода
1-2 лажици шеќер (по желба)

фил:
300-500 gr замрзнати вишни без семки, одмрзнати и исцедени
3-5 лажици шеќер

Во вангла се мешаат брашното и содата и шеќерот (ако ставате), се додава маргаринот и се меша прво со вилушка па со раце, и на крај се додава водата и се меси додека не се поврзе се во една смеса. тестото се остава на ладно околу пола саат, а потоа 2/3 од него се натапкуваат на дното и страните на округло тавче со пречник од 22 cm, или некое со слична големина, па се става филот, па останатото тесто. се пече во загреана рерна на 200°C околу пола саат.

Оваа пита може да се направи и со некое друго овошје, боровинки, капини, рибизли....
Share/Bookmark