Monday, April 13, 2009
Погача со спанаќ
1 шоља обично брашно
2 шољи пченкарно брашно
3 јајца
1 шоља млеко
пола шоља зејтин
пола шоља кисела вода
1 прашок за пециво
малку сол
околу 300 gr. спанаќ
сусам или ленено семе за посипување
Сите состојки освен спанаќот се мутат со миксер, па се додава спанаќот, измиен, исцеден, исчистен и крупно исецкан и се промешува со лажица. Сето тоа се сипува во округло тавче со пречник околу 28 cm подмачкано со маргарин и се посипува со сусам или ленено семе или лупен сончоглед или семки. Се пече во загреана рерна на 220°C околу 35 минути.
Наместо спанаќ, може да не се стави ништо, или да се стави здробено сирење, пропржен праз, мелено месо, саламче...
4 comments:
Совршено, брзо и едноставно, и што е најважно, вкусно. Десетка за Бока!
fala, sashke :-)
И изгледа многу добро!
Прекрасно изгледа и многу е вкусно! Благодарам многу за рецептот, ни ја разубавевте вечерата :)
Post a Comment