Saturday, December 17, 2011

Карамелизирани Бриселски зелкички со јаболко ..... Caramelised Brussels Sprouts with apple


brussels sprouts 5
Scroll down for the recipe in English

Brussels sprouts (на англиски) е зеленчук за кој не можам лесно да најдам збор во македонскиот јазик. Во рецептов ќе ги викам бриселски зелкички, ако имате предлог за друго има, оставете коментар ! Без разлика што имаме тешкотии со нивното име, рецептов е толку добар што заслужува да го поделам со вас. Мислам дека бриселските зелкички се зеленчук кој многу луѓе не го сакаат. Морам да признаам дека ни јас не им бев најголемиот обожавател – особено бидејќи со години единствениот начин за кој знаев како да ги подготвам беше да ги сварам набрзина или да ги зготвам на пареа. Морам да признаам исто така дека зелкичкиве кога се варат имаат и малку непријатен мирис – воопшто не буди апетит. Меѓутоа, пред неколку години открив дека кога ќе ги карамелизирате бриселските мали зелки, тие се трансформираат во многу вкусен зеленчук. Сега ми се еден од омилените зеленчуци ! Пробајте го рецептов, нема да се покаете !

* еден многу љубезен читател ми кажа дека зеленчуков се вика прокељ на македонски.

brussels sprouts

за отприлика 4 лица:
300 гр. бриселски мали зелкички (кога ги исчистив ми останаа околу 200 гр.)
1 јаболко
2 лажици масло
сол, бибер малку вода

Исчистете ги зелкичките од надворешните листови, исечете го дното кое е тврдо и пресечете ги на половина. Измијте ги убаво. Во поголемо тавче, загрејте го маслото на среден оган и потоа додадете ги зелкичките со пресечената половина надолу. Посолете ги и побиберете ги и додајте околу 100-150 мл. (пола чаша) вода и без мешање оставете ги да се готват околу 30 мин. И откога водата ќе испари, оставете ги зелките да се карамелизираат убаво и дур не добијат убава јака златно кафена боја. Кога долната страна ќе биде карамелизирана, превртете ги една по една и оставете ги уште 10-15 мин. Во меѓувреме излупете едно јаболко и исечете го на парчиња со слична големина како зелкичките. Додајте го јаболкото пред самиот крај, и оставете ги заедно да се заруменат уште 5 минути. (на јаболкото не му треба многу време). Послужете ги зелкичкиве со месо, риба или сами. Кога ќе ми останат малку зелкички јас ги јадам следниот ден ладни, врз зелена салата со масло и оцет. Ќе се изненадите колку повкусни се вака зготвени ! Уживајте !

brussel sprouts 1

Brussels sprouts are one of those vegetables that people love to hate. I have to admit I was not their biggest fan when all I thought I could do with them was steam them or boil them. They smell pretty bad too, when boiled so that didn’t help either. But then couple of years ago I discovered that you could caramelise them and I’ve loved them ever since. You’ll be surprised how different and good they taste when cooked this way !

for about 4:
~ 300 gr. brussels sprouts (less than a pound – I was left with half a pound after I cleaned them)
1 apple
2 tablespoons oil (vegetable or olive)
salt, black pepper, some water

Clean the outer leaves and cut off the hard bottom of the sprouts. Wash well then cut in half. Heat the oil in a large pan, then add the brussels sprouts cut side down in one layer. Keep the pan on medium heat. Season with salt and pepper and add about half a cup water and let cook for 30 min. or so. The water will evaporate but the sprouts will continue to cook until they caramelize. Turn over one by one and let that side cook. In the meantime, peel and chop an apple and add it about 5 minutes before the sprouts are completely done. Mix well. The apple doesn’t need very long. Serve with meat, fish or on their own. I love having the cold leftovers on top of a green salad dressed in oil and vinegar. Enjoy !


brussels sprouts 3
 
пробајте и прокељ со сланина / brussels sprouts previously:
http://sitnoseckano.blogspot.com/2010/01/brussels-sprouts-with-bacon.html

brussels sprouts 4
Share/Bookmark

2 comments:

Anonymous said...

Здраво Бојана и Маја,

Brussels Sprouts во Македонија е познат како "ПРОКЕЉ" или „КЕЉ ПУПЧАР„!

Редовно го следам вашиот блог и можам да кажам само пофални зборови :) Продолжете само така...

Поздрав!!!

Maja said...

Фала многу за името на зеленчуков и за убавите зборови. Веднаш ќе го додадам во постот !
Маја