Scroll down for the recipe in English.
Добра чинија тестенини е одличен лек за разни работи… умор, стрес на работа, студено време…. Јас јадам тестенини барем еднаш неделно, и болоњезе сосот посебно ми се допаѓа што станува повкусен откога ќе поседи во фрижидер ден-два, па можам да го направам на викенд, а да уживам во тестенините во понеделник, вторник…
Рецептов прави голема количина, барем за 6 лица, ама лесно може да го преполовите или уште поарно да си замрзнете половина од готовиот сос за следниот пат кога нема да ви се готви.
за 6-8 лица:
500-600 гр. мелено месо (мешано телешко и свинско, или само телешко)
50 гр. сланина, ситно исецкана (ако не сте по сланината, едноставно изоставете ја)
2 средни кромиди, ситно исецкани
3 мали моркови или 2 поголеми, ситно исецкани
2-3 лукчиња, исецкани
~ 500 гр. домашен кечап од домати, или пасата од домати од супермаркет или 2 конзерви домати, или 5-6 изрендани замрзнати домати
1 чаша млеко
1 чаша црвено вино
сол, бибер, маслиново масло
Загрејте поголемо тавче без масло и во него ставете го месото да се пржи. Мешајте го месото и пржете го на средно јак оган околу 10 мин, убаво да се изпржи и дури да почне да заруменува на некои делови. Местото ќе пушти доста маст. Кога ќе биде испржено, тргнете го од оган и изтуркајте го на една страна од тавчето, и навалете го помеѓу ринглите за да може маста да се слее на една страна. Бидејќи маста ќе се стврдне кога ќе се олади јас не ја истурам во умивалник (каде може со тек на време да направи проблем и да го затне одводот), туку во чаша ставам неколку згужвани хартиени салветки и со лажица маста ја вадам и ја истурам врз салветките. Кога ќе се олади, ги фрлам натопените салветки во ѓубре.
Да му се вратиме на рецептот. Меленото месо, повторно вратете го на среден оган, и врз него истурете чаша млеко. Мешајте од време на време, се додека млекото сосема не исчезне од тавчето. Млекото ќе го направи меленото месо меко и многу убаво. Штом ќе завршите со млекото, може да почнете со сосот. Пре фрлете го месото во големо тенџере, додајте 2 лажици масло, кромидот, лукчето и сланината и пржете ги 2-3 минути. Додајте го морковот, сол, бибер и виното, измешајте, па по 5 минути додајте ги доматите и на слаб оган оставете го сосот да се готви 2 часа, со повремено мешање.
Сосот е совршен со шпагети и рендан пармезан или сирење и ако имате некоку ливчиња свеж босилек. Уживајте !
*Ако се прашувате зошто ја вадам маста од прженото месо, тоа е поради тоа што месото тука во Холандија е многу мрсно. Знам дека и сланината е мрсна ама моето мислење е дека сланината додава многу вкус на сосот и вреди да се додаде.
I like a nice bowl of spaghetti Bolognese as a cure for many things: cold weather, being tired, stress at work. Especially if you make the sauce in advance and let it get even tastier in the fridge for a day before you eat it. Here’s how I make Bolognese sauce.
500 – 600 gr. pork and beef ground meat, or just ground beef
50 gr. finely chopped bacon
2 medium onions, finely chopped
2-3 carrots, finely chopped
2-3 cloves of garlic, crushed
~ 500 gr. tomato passata, or 2 cans chopped tomatoes
1 cup milk
1 glass red wine
salt, black pepper, olive oil
Fry the ground meat in a large pan, without oil until well cooked and nicely browned in some places. Remove from heat and tilt pan for couple of minutes so that the grease can drain to one part of the pan. Remove the grease (I do it by stuffing couple of paper napkins in a cup and pouring the grease spoonful by spoonful over the napkins. Once the grease cools I throw the napkins in the trash). Put the pan with the meat back on medium heat and pour the milk over it. Cook until all the milk disappears. Then transfer to a pot, add the olive oil, bacon, garlic and onions, fry for 2-3 minutes, then add the wine and carrots, again cook and stir for couple of minutes, and finally add the tomatoes, salt and black pepper and cook on low heat for 2 hours. Stir from time to time. This makes a huge batch of sauce that will serve at least 6, or even up to 8 people, but you could easily halve the recipe. However, the best thing to do, I think, is to make the whole batch and freeze half of it for when you don’t feel like cooking. Hope you enjoy it !
5 comments:
My favorite with spaghetti:)
Thanks Dzoli !
Maja
Nisam do sada dodavala mleko u sos. Super ideja.
Beautiful!!! Love the recipe and photos are mouthwatering!!!
Само што направив потпечени макарони со сосов. Супер е :) Ми остана доволно за да замрзнам за некој нареден пат.
Post a Comment