Monday, November 14, 2011

Ролат со кафе / Coffee roulade



scroll down for the recipe in english

да, имаме два колача со кафе едно по друго, ама мора да се согласите дека кафето во колачи добро оди. а овој ролат не е со било какво кафе, туку со espresso barista на dolce gusto.


за тестото:
4 јајца
150 gr шеќер
3 лажици ладна вода
100 gr брашно
3 лажици какао
1 лажиче цимет

за филот:
200 gr путер, омекнат на собна температура
150 gr шеќер во прав
2 жолчки
2-3 лажици оладено еспресо
1/2 лажиче цимет

3-4 лажици оладено еспресо
шеќер во прав за посипување


прво во една вангла изматете ги убаво четирите белки за тестото. во друга изматете ги жолчките со шеќерот и трите лажици вода додека не стане убава мазна светло-жолта смеса. во неа додадете ги брашното и изматените белки и измешајте сé заедно.

големиот плех од рерната (35 х 40 cm) обложете го со хартија за печење и премачкајте ја со малку зејтин, за полесно да се лупи од испеченото тесто. врз неа истурете го тестото, распоредете го рамномерно на целата површина и ставете го да се пече во загреана рерна на 180°C околу 12 минути.

кога ќе се испече, превртете го врз влажна крпа, одлепете ја мрсната хартија и замотајте го како ролат заедно со крпата. потоа исечете парчиња и послужете ги со свежо приготвено еспресо бариста. не, се шегувам :-))) прво треба да се направи филот.


изматете го путерот со шеќерот во прав, додадете ги жолчките, изматете убаво, па додадете ги останатите работи, кафето и циметот и филот е готов.

одмотајте го тестото, попрскајте го со 3-4 лажици кафе, премачкајте го со филот и пак замотајте го во ролат. е сега можете да го исечете и да го послужите, а можете и прво да го посипете со шеќер во прав.

ролатов е многу вкусен и убаво се осеќа вкусот на кафето, но оние што го пробаа забележаа дека е прилично благ. затоа, можеби е добро да се изостави посипувањето со шеќер и да се намали количината шеќер во тестото. менувањето на количината на шеќерот во филот не знам како ќе се одрази на густината на филот. во секој случај, филот се стврднува ако го чувате ролатот во фрижидер.


yes, we have two desserts with coffee in a row, but you must agree that coffee goes well in desserts. and this coffee roulade is not made with any coffee, but with dolce gusto espresso barista.


for the dough:
4 eggs
150 gr sugar
3 tablespoons cold water
100 gr flour
3 tablespoons cocoa
1 teaspoon ground cinammon

for the filling:
200 gr butter, softened at room temperature
150 gr confectioner's sugar
2 egg yolks
2-3 tablespoons cooled espresso
1/2 tablespoon ground cinammon

3-4 tablespoons cooled espresso
confectioner's sugar for dusting


first beat the 4 egg whites for the dough untill stiff. in another bowl beat the egg yolks with the sugar and water untill pale yellow and smooth. add the egg whites and the flour to the egg yolks and mix everything.

line a cookie sheet (35 х 40 cm) with parchment paper and oil the paper, so it can be peeled of the dough easier. pour the dough and spread it evenly. bake in a preheated oven at 180°C around 12 minutes.

when the dough is baked, turn it onto wet kitchen towel, peel the paper and roll it together with the towel. then slice it and serve it alonside freshly made espresso barista. just kidding :-))) you need to make the filling first.


mix the butter with the confectioner's sugar, add the egg yolks, whisk, add the coffee and the cinammon and you have the filling.

unroll the dough, sprinkle with 3-4 tablespoons coffee, slatter the filling evenly and roll it again. now you can slice and serve it or you can dust it with confectioner's sugar before serving.

you can really feel the coffee flavour in this roulade, but it's a little on the sweet side. so i would recommend leaving the dusting out and lowering the sugar quantity in the dough. i'm not sure how it will affect the thickness of the filling if you lower the sugar quantity in the filling. the filling hardens in the fridge.
Share/Bookmark

3 comments:

Anonymous said...

Moze moze i rolat i kafica;)
p.s Kod mene na blogu je interesantna nagradna igra.Vrlo jednostavno za ucestvovati a traje samo do 23 Novembra;)

Anonymous said...

Не знам дали си гледала Kitchen Chemistry, но би сакал да видам дали ова може да успее и каков вкус ќе има :)

http://www.youtube.com/watch?v=_JuFJYOJiS0

bojana said...

овој од kitchen chemistry стално меша чудни состојки. мора да е вкусно, лиги ми потекоа додека гледав. само не знам, вкусот и мирисот од мувлосаното сирење колку доаѓа до израз. ако пробаш, кажи како испаднало.