Thursday, March 15, 2012

Што е ново? / Whats new?

Ако сте го посетиле новото ситносецкано тогаш сигурно сте ги приметиле и основните промени. Сепак еве и кратко претставување:
Веднаш под новиот банер кој Бојана умешно го испече се поместени категории (1) во кои се обидовме да ги распределиме нашите рецепти.
Под нив (2) се „лизгаат“ рецепти, некои нови, некои стари кои во моментот Ви ги препорачуваме.
Испробајте го и копчето (3) кое ќе го промени начинот на кој можете да ги прелистувате рецептите.
Наскоро ќе бидат поставени и други додатоци во страничната лента, меѓу кои и популарниот tag cloud,  кои ќе го олеснат вашиот престој на ситносецкано.

Се потрудивме сите оние кои беа претплатени на блогот, било преку РСС или емаил, автоматски да продолжат да ги добиваат новите рецепти и од нашата нова адреса. Ве молиме, доколку има било какви проблеми и од некои причини фидот сте престанале да го добивате, информирајте не или овде или на нашиот мејл, sitnoseckano@gmail.com.

You've probably visited the new sitnoseckano and already are familiar with the few basic changes there. A short intro follows:
Under the new banner which was skillfully baked by Bojana, new category tabs (1) are placed, where we tried to categorize the recipes.
Beneath the tabs, a slider (2) presents few recipes, some old, some new, which we recommend.
Do try the new button (3) which changes the view of the recipe list.
New widgets will be placed in the sidebar soon, as well as the always popular cloud tag, n order to make your visit to sitnoseckano more enjoyable.

We did our best to painlessly transfer all of you subscribed to RSS or email feed to our new address, so you should get all the new recipes the way you preferred. If you experience any problems with the feed please inform us here, or write to our email.
Share/Bookmark

Wednesday, March 14, 2012

Драги пријатели / Dear friends



Драги пријатели,

Пред точно 3 години и 5 дена ја започнавме приказната
за нашите кујни и убавите јадења што се готвеа во нив.
Зготвивме многу јадења, сликавме нешто помалку, 
а најубавите ги споделивме со Вас.
Ги изедовме сите.
 sitnoseckano.blogspot.com беше нашиот заеднички дом
 во кој со голема радост ги претставуваме нашите кулинарски авантури. 
За тие три години пораснавме заедно со Вас. 
Затоа, решивме да изградиме поголемо, подобро и уште повкусно ситносецкано!

Добредојдовте во нашата нова кујна!

Како и сé друго на нашиов сајт, sitnoseckano.com го правевме сами. Бидејќи готвењето го сакаме и познаваме многу повеќе од програмирањето, а питите и јаготките ни се далеку повкусни од CSS i html, сметаме на вашето трпение и поддршка во „изградбата“ на новото Ситносецкано.

Вашите мислења и коментари многу ни значат, 
затоа ве молиме, коментирајте на нашата страна на фејсбук за се што ви сé допаѓа или не.


Dear friends,

3 years and 5 days ago, we begun the story
of our kitchens and all the beautiful food cooked in them.
We cooked a lot of food, photographed a bit less, 
and the best ones, we shared with You.
We ate them all.
sitnoseckano.blogspot.com was our meeting place
at which we shared our cooking adventures with great joy.
In three years we grew bigger and so did You.
That's why we built you a bigger, better and even more tasty sitnoseckano!

Welcome to our new kitchen!

Everything about our site we do ourselves. So we did with sitnoseckano.com.
Since we like and practice cooking far better then we do coding, and pies and strawberries are far more tastier to us then CSS and html, we are counting on your patience and support during the building of the new Sitnoseckano.

We appreciate your thoughts and comments a lot, so please, share them with us on our facebook page.

Share/Bookmark

Friday, March 2, 2012

Булгур салата со грозје и сирење ... Bulgur salad with grapes and goat cheese

Кога прв пат ја прочитав идејата за салатава на некој блог, веднаш знаев дека ќе биде одлична. Салатава е мешавина од булгур, грозје и овчо сирење и поедноставна не може да биде. Не само што е лесна за правење и евтина, туку трае со денови. Имав доволно салата за 4 дена ручек на работа. Ако немате грозје или овчо сирење, може да додадете што сакате: бело сирење, исецкано јаболко, маслинки, биено сирење, магдонос. Магдонос би бил одличен додаток.

P2120404P2120412
за 4 лица:
1 чаша булгур (чаша од 250 мл.)
2 чаши зовриена вода
~ 100 гр. грозjе, исецкано јаболко или маслинки
~ 100 гр. било какво издробено сирење или кашкавал исечен на мали коцки
1 шака ореви, испокршени на помали парчиња
1 лажица масло
1 лажица лимонов сок или јаболков оцет
сол, бибер

P2120414
Ставете го булгурот во поголем сад и полијте ја зовриената вода врз него. (Ако сакате помала количина можете да ги преполовите мерките, за пола чаша булгур ви треба 1 чаша зовриена вода). Оставете го булгурот да ја впие водата околу 15-тина минути и потоа раздвојте ги зрната со вилушка. Додајте го овошјето, сирењето, оревите и останатите состојки и убаво измешајте. Јадете ја салатата веднаш, или ставете ја во фрижидер каде што ќе трае околу 5 дена. Уживајте!

P2120416
When I first read the idea about this salad of bulgur and grapes on some blog (it was only mentioned, there was no recipe) I knew this would be easy to create and very delicious. It’s simple, cheap and infinitely adaptable to what you have on hand. It also makes a lot and lasts for days. I had this for lunch at work for 4 days (and I didn’t get tired of it). You can replace the grapes with chopped apple, you can add any type of cheese, and olives and parsley would be really tasty too.

for 4 servings:
1 cup bulgur
2 cups hot water (just boiled)
~ 4 oz. grapes, or a chopped apple, or olives
~ 4 oz. goat cheese, or crumbled feta
a handful of broken up walnuts
1 Tbsp. oil
1 Tbsp. lemon juice or apple cider vinegar
salt and black pepper to taste

Put the bulgur in a large bowl and pour the just boiled water over it. Let is absorb the water for about 15 minutes, then fluff it up with a fork. Add the fruit, walnuts and cheese as well as the oil and vinegar and mix well. Season to taste and either eat right away or refrigerate for up to 5 days. Enjoy!

P2120417 
Share/Bookmark