за нас


Ситно сецкано e Блог за рецепти на две сестри опседнати со готвење и добра храна. Инспирарани од разни познати и не толку познати готвачи, блогови и кувари, сами ги готвиме сите рецепти, ги адаптираме состојките и ги фотографираме јадењата. Во слободно време, освен што читаме рецепти, пронаоѓаме несекојдневни состојки, ама повремено месиме и пити и гибаници.

И двете опсесивно читаме блогови за готвење и храна, па природно се појави дискусијата зошто ние немаме блог кога готвиме многу и често. Во март 2009 Бојана го почна блогот со рецепт за пита со мед и овес.

Бојана живее во Скопје, а Маја во Хаг. Даниел фотографира, ги снима и монтира видео рецептите и, се разбира, јаде. А Џипу само јаде. И двајцата понекогаш готват (ретко, ама добро).

Сакаме со читателите, а посебно со македонските читатели, да ги споделиме идеите, рецептите и јадењата во кои сме уживале и многу многу нè радува ако ни оставите коментар или ни пратите email со препорака, идеја или било каков коментар.

Ситно сецкано е како продолжение на нажите индивидуални кујни, кај што сакаме да ни бидете гости. Добредојдовте и уживајте!

Share/Bookmark