scroll down for the recipe in English
Сирење, во било која форма и тип, е едно од моите омилени јадења. Одамна се подготвувам да направам домашна рикота – италијанско кремасто сирење. Најдов разни рецептни и сите изгледаа доста едноставно. Рикотата беше успешна – иако сфатив дека е во суштина – урда и дека ако не ви се прави сами дома, слободно во рецепти можете да ја замените со купечка урда.
Јас рикотата ја искористив за да направам домашни њоки од рикота кои беа прекрасни и многу многу вкусни. Рецептот за нив за ден – два.
За околу 200 гр. рикота:
1 литар полно масно млеко (за најдобри резултати користете свежо млеко, кое не се вари – го има во Тинекс и Веро. Можете да ја направите и со тетрапак млеко, ама свежото е подобро)
4 лажици лимунов сок, или бел вински оцет (јас ја направив со сок од лимон)
1/4 лажиче сол
Ставете го млекото, сокот од лимон или оцетот и солта во тенџере. На среден оган, оставете го млекото да дојде до зовривање, па намалете ја температурата малку. Оставете го така, 2-3 минути. Ќе забележите дека млекото почнува да се згрутчува. Не го мешајте (јас го измешав и ги испокршив големите грутки така). Тргнете го тенџерето од оган, и оставете го на страна минута или две. За тоа време, спремете цедалка врз поголем сад, а во цедалката ставете дупло здиплена газа (од аптека). Истурете го млекото врз газата внимателно, и оставете го да се исцеди. За отприлика половина час во цедалката ќе остане сирењето. Со лажица префрлете го во посуда и чувајте го во фрижидер. Јас рикотата ја направив еден ден, а ја употребив следниот за њоките. Искористете ја брзо бидејќи нема да трае долго. Ми беше жал да ја фрлам водата која се исцеди од сирењето, ама не можев да смислам како би ја искористила. Ако имате идеја, оставете кометар !
I’ve been meaning to make homemade ricotta for ages. I found many recipes online and they all looked very simple. The ricotta turned out great. But I realized this homemade ricotta is pretty much the same as a sort of soft cheese widely available in Macedonia called urda. So for all the Macedonians, feel free to substitute urda in any recipe requiring ricotta.
for about a cup of ricotta (~ 200 gr):
4 cups whole milk (1 liter)
4 tablespoons lemon juice or white wine vinegar
1/4 teaspoon salt
Mix all the ingredients in a big pot. Bring the milk to boil over medium heat. Lower the heat and let it sit there for 2-3 minutes. You will see the curds form. Don’t mix. I did, and it sort of ruined the bigger curds which were formed. Remove from heat and let sit for a minute or 2. In the meantime, set a cheese cloth over a colander, set over a bowl. Pour the milk over the cheese cloth and let it strain. In about half an hour the ricotta will be in the cheese cloth and the whey will be all drained in the bowl. Transfer the ricotta to a bowl and keep refrigerated. I made in one day and used it the next day to make ricotta gnocchi which were amazingly delicious. The recipe for those coming in a day or 2.
Use the ricotta fairly soon as it will not keep fresh for long. If you have any ideas how to use the whey please leave a comment. I felt bad about throwing it out, but I could not think of any ways to use it. Enjoy !