Tuesday, April 19, 2011

Елбасан тава / Elbasan tava


елбасан тава е совршено јадење за велигденскиот ручек.

за четворица:
јагнешки бут
4 јајца
1 кисело млеко овчо
сол

прво посолете го месото. во тавата во која ќе се пече јадењето загрејте малку зејтин и потпржете го месото од двете страни. потоа во тавчето ставете малку вода, покријте го со фолија или капак и ставете го да се пече, прво на појако, а кога ќе се загрее рерната намалете ја температурата на 180°C. од време на време додавајте вода и превртувајте го месото. во зависност од големината на парчето месо, тоа може да трае 1 - 2 часа.
кога месото ќе омекне, оставете го без капак да се зарумени и да испари водата.

изматете ги јајцата со вилушка и додадете им го киселото млеко и малку сол. превртете го месото, истурете ја смесата околу него, па вратете го тавчето во рерна уште 15тина минути додека јајцата не се потстврднат и не се заруменат на површината.

елбасан тавата одлично оди со печени компири и зелена салата со краставица, младо кромитче и ротквици, а секако и со младо лукче и свежа лута пиперка.






elbasan tava is the perfect dish for the easter dinner.

for 4:
leg of lamb, ~ 4 lbs. (~2 kg.)
4 eggs
2 cups or 17 oz. plain greek yoghurt, if possible made from sheep's milk (500 ml.)
salt


vegetable oil

salt the meat. in the roasting pan heat about 1/4 cup of vegetable oil and brown the meat a little from both sides. add a little water in the pan, cover with a lid or foil and transfer to the oven set at 180°C. occasionally add water and turn the meat. depending on the size of the leg, it would take 1 - 2 hours to roast.
when the meat is done, leave it to roast uncovered for few minutes so it browns a little and the water evaporates.

whisk the eggs with a fork and add the greek yoghurt to them. season this mixture with a bit of salt. turn the meat again, pour the eggs around it and put the pan back in the oven for 15 minutes or until the egg mixture is set.

elbasan tava goes well with roasted potatoes and a fresh salad made of lettuce, cucumber, scallions and radishes, and young garlic, of course.


Share/Bookmark

1 comment:

Kate@Diethood said...

WOW! Ligi.... :) Prekrasno!!