scroll down for the recipe in English.
Не го читајте насловов на рецептов. Звучи досадно, суво, некако бла... Само одете веднаш во кујна и направете ги колачињава. И покрај досадното име, овие прекрасни колачиња сосема ќе ве изненадат и наскоро ќе се најдете на работа ... или на гости ... неспособни да се фокусирате и сосема опседнати со колачињава и со желбата да имате барем уште едно.
Рецептов е лесен и се прави за 5 мин. ама многу е важно да го следите чекорот со ставање на тестото во фрижидер за да добиете убави, дебели колачиња. Рецептот е адаптиран од Smitten Kitchen.
пола пакување путер (125 гр.)
2/3 чаша светло кафеав шеќер (користете чаша од 250 мл. или измерете 130 гр./ светло кафеав шеќер има од Виталиа)
1 јајце
1 ванила шеќер
3/4 чаша брашно (95 гр.)
пола лажиче прашак за пециво
пола лажиче цимет
една ронка сол
1 и пол чаша овесни снегулки (135 гр., ги има во сите супермаркети)
3/4 чаша суво грозје
Во длабока посуда измешајте ги омекнатиот путер, шеќерот, јајцето и ванилата. Јас не користев миксер и ги измешав со маталка. Додајте ги брашното, пецивото, циметот и солта и измешајте. Додајте ги овесните снегулки и сувото грозје. Ставете ја целата посуда во фрижидер околу 10 минути. Загрејте ја рерната на 180 Ц степени. Покријте го тавчето во кое ќе ги печете колачите со хартија за печење (јас немав па употребив фолија премачкана со зејтин). Намокрете ги рацете за да не ви се лепи тестото и со раце обликувајте го во форма на топчиња, големина како орев или малку поголеми и ставете ги на тавчето со 3-4 сантиметри помеѓу нив. Колачињата ќе се стопат и рашират и затоа е многу важно да оставите доволно простор помеѓу нив. Ставете ги да се печат во загреана рерна но внимателно пазете ги. Ќе им треба само околу 10 - 12 минути да се изпечат. Извадете ги од рерната веднаш штом ќе почнат да стануваат заруменети иако сеуште ќе изгледаат меки и непечени. Оставете ги на тавчето околу 5 - 10 минути да се стврднат и потоа со шпатула префрлете ги на чинија. Од овој рецепт јас добив 15 колачиња. Нема да верувате колку се вкусни !
For ~ 15 cookies:
1 stick butter (125 gr)
2/3 cup light brown sugar
1 egg
1 teaspoon vanilla extract (or 1 packet vanilla sugar)
3/4 cup flour
half teaspoon cinnamon
half teaspoon baking powder
pinch of salt
1 1/2 cup rolled oats
3/4 cup raisins
Cream the sugar, the softened butter, egg and vanilla. (I used a whisk and not a mixer). Add the flour, cinnamon, baking powder, salt and mix. Add the oats and raisins and put the entire bowl in the fridge for 5 - 10 min. Line your baking tray with parchment paper or greased foil wet your hands with water and shape the dough in balls the size of walnuts. Space the dough balls about 3-4 centimeters apart on the baking tray and bake in a preheated oven at 180 C degrees for about 10 - 12 minutes. Keep a close eye on them since they will bake quickly and take them out as soon as they start getting golden brown, even though they will still look soft and a bit unbaked. Leave them on the baking tray for 5 - 10 min and then move them to a plate once they have become more solid and cooled down. You won't believe how tasty they are !
4 comments:
Mmmmm...Mnogu se vkusni, a so kafe kako odat...Moznite kombinacii ne gi komentiram...
Pozdrav
Fala Daniela ! Jas pocnav redovno ednas nedelno da gi pravam !
Maja
Hi girls! Od vcera sum so vas, taze, he he, i epten me bendisavte. Denovive ke napravam sefte so ovie kolacinja stom vikate epten bile dobri. Obozavam lesni i brzi recepti. Nego, na Danielive im trgna so ovie kolacinja...:)
Pozdrav, druga Daniela
Ha ha, moze ima vrska so imeto... Daniela br. 2, probaj gi obavezno, epten se dobri... i pisi ni posle komentar ako si gi bendisala.
Maja
Post a Comment