scroll down for the recipe in english
рецептот за оваа интересна погача е од овде. лесно се прави и ептен е вкусна.
700 gr меко брашно
250 ml млеко
125 ml зејтин
2 јајца
1 коцка свеж квасец
1 лажичка шеќер
2 лажички сол
100 gr растопен маргарин
1 жолчка изматена со 1 лажица млеко
сусам и/или ленено семе, ким... за посипување
во млако млеко ставете ги квасецот и шеќерот. кога квасецот ќе стаса додадете ги двете јајца, зејтинот и солта, па сето тоа помешајте го со брашното во една вангла. јас ова го направив со миксер. покријте ја ванглата со крпа и оставете ја околу пола саат на топло, тестото да нарасне.
потоа поделете го тестото на пола, а од едната половина отсечете еден крај. најголемиот дел поделете го на 5 дела и од секој исукајте кора во форма на круг со пречник околу 24 cm, а последната искукајте ја малку поголема. секоја кора премачкајте ја со стопениот маргарин и наредете ги една врз друга во тавче со пречник од 28 cm, намачкано со маргарин и побрашнето. последната кора не ја премачкувајте со маргарин. ставете ја врз другите кори, а ивицата подвиткајте ја под нив.
со нож исечете го кругот на осминки, оставајќи 1 cm од ивицата неисечен и отворете ги осминките од средината кон надвор.
истото направете го и со помалата половина од тестото. исечете ја и неа на осминки само пазете да дојдат помеѓу осминките (латиците) од првиот круг.
најмалиот дел од тестото обликувајте го во топка и ставете го во средината на цветот. премачкајте ја со изматената жолчка со млеко и посипете ја со сусам, ленено семе, ким или крупна морска сол.
ставете ја да се пече во загреана рерна на 200°C. после десетина минути намалете ја температурата на 180°C и покријте ја погачата со хартија за печење, па оставете ја да се пече уште дваесетина минути. кога ќе ја извадите, оставете ја малку да се олади, па послужете ја топла.
the recipe for this interesting round bread is from here.
700 g white flour
250 ml milk
125 ml oil
2 eggs
1 cube of fresh yeast (40 gr)
1 teaspoon sugar
2 teaspoons salt
100 gr margarine, melted
1 egg yolk
1 tablespoon milk
sesame seeds (or flax seeds, caraway seeds...)
put the yeast and sugar in lukewarm milk and let it foam. add the eggs, oil and salt and stir all that into the flour. i did this with an electric mixer. cover with a cloth and let rise in a warm place for half an hour.
divide the dough in half, then cut one piece from one half. divide the largest part in 5 parts and roll each into a 24 cm circle, except the last one, roll a little wider. brush every circle with melted margarine and stack them. don't brush the last and largest one, just put it over the others and tack the ends underneath them. put them in a 28 cm pan brushed with margarine and sprinkled with flour.
cut the circle in 8 leaving 1 cm of the edge and open the pieces from the center towards the edge.
repeat all this with the smaller half of the dough. just make sure the segments (petals) that you open come between the petals from the first circle.
form the smallest part of the dough into a ball and place it in the middle. brush the bread with egg yolk whisked with one tablespoon milk and sprinkle with sesame seeds or other seeds.
bake in a preheated oven at 200°C for 10 minutes, then lower the temperature to 180°C, cover the bread with baking paper and bake 20 minutes more. let stand a few minutes and serve warm.
7 comments:
Beautiful!!! Obozavam ovo, a fotke su fantastic!!!
Wow!! This is beautiful indded!! :) and looks so delicious! Great job!!!
Ја направив. Тестото е неворојатно меко и вкусно! А формата е супер :)
Mojata omilena pogaca,ja pravam za sekoja vazna prilika..odlicna kako na vkus taka i na iszgled...
Momentalno ja pravam pogacava...edvaj cekam!! Utre i e na Ana imenden pa ke si krenam edno lepce. :)) xoxo
еј, кате. ти ја видов погачата на фејсбук. супер ти испаднала.
п.с. честит именден на ана :-)
Post a Comment