Monday, June 27, 2011

Чоколадна Торта без брашно .... Flourless Chocolate Cake

scroll down for the recipe in English

Чоколадни торти мене ми се едни од омилените десерти… Посебно оние рецепти кои се разликуваат од традиционалната македонска чоколадна торта…. Еве го мојот нов омилен десерт од чоколадо. Веќе 2 пати го направив за гости/специјални прилики и резулататот беше супер. Дури ќе бев среќна и да не им се допаднеше на гостите … тогаш ќе имаше повеќе за мене !

Тортава нема фил и не се дели на слоеви. Се прави без брашно, и е многу богата и со јак вкус … дефинитивно за оние што обожаваат чоколадо. Ние ја јадевме со меко-изматен шлаг и јагоди, ама е еднакво убава и сама, без ништо друго.



За торта од 20 см: (за 8 – 10 луѓе)

280 гр. темно чоколадо
125 гр. путер
50 гр. шеќер
6 јајца
1 пакетче ванилин шеќер
зејтин и какао за подмачкување на тавчето

cokolado i puterstopeno cokolado

belkizolcki

Загрејте ја рерната на 180°C.

Испокршете го чоколадото на коцки и исечете го путерот на делови. Ставете ги во стаклена или керамичка посуда и потоа потпрете ги врз тенџере со жешка вода на оган (ама не да врие) за полека да се стопат. Бидете внимателни да не ви капне вода во чоколадото, бидејќи веднаш ќе се стврдне и нема да може да го искористите. Јас инаку со вода имам расипано едно кило –две чоколада – која потоа не беше ни за јадење а камо ли за готвење со неа. Во меѓувреме во посуда, со миксер изматете ги жолчките со скоро целиот шеќер (оставете 1 лажица од шеќерот на страна) и ванилата дур не станат бледо жолта боја.. Со миксер изматете ги белките во друга посуда дур не станат цврсти, на крај додавајќи ја последната лажица шеќер за да се зацврснат уште повеќе.

Стопеното чоколадо и путер оставете ги на страна да се оладат. Кога ќе дојдат на собна температура, прво додајте го чоколадото на жолчките и убаво измешајте (не ви треба микер за ова), па потоа полека оваа мешавина додајте ја на изматените белки. Не мешајте со миксер, бидејќи белките ќе ви спласнат. Користете голема метална или пластична лажица, и лесно измешајте ги двете смеси (не претерувајте со мешање). Смесата истурете ја во тавче од 20 см., кое сте го намачкале со зејтин и потоа посипале со какао, за тортата да не се лепи. Тортава може да се пече и во поголемо тавче, само тогаш ќе ви биде малку пониска, а вкусот ќе биде ист. Печете ја во загрена рерна на 180 Ц степени, околу 25 мин, ама не повеќе од 30 мин. Средината на тортата треба да биде мека, а не сосема цврста, и кога ќе се олади ќе биде совршена. Кога ќе се испече оставете ја сосема да се олади пред да ја сечете или вадите од тавчето. Уживајте !

pred pecenjeispecena



potential 2

This is my new favorite chocolate dessert. I’ve made it twice already for guests and special occasions and it has been a great success. It is incredibly rich and smooth and a little goes a long way. It’s made without flour and it serves about 8 – 10 people. I served it with softly whipped cream and strawberries, but it is delicious on its own too.

For a 8 inch cake:

10 oz. (280 gr.) dark chocolate (bittersweet or semisweet)
1/2 cup butter (125 gr.)
1/2 teaspoon vanilla extract (or 1 packet vanilla sugar if you are in Europe)
6 eggs, separated
1/4 cup sugar (50 gr.)
oil or oil spray and cocoa for greasing and dusting the pan

Preheat your oven to 350 F degrees (180 C).

Break the chocolate up in pieces and cut the butter too. Place them in a heat proof bowl and over a pot with simmering water in order to melt. Once melted, remove to the side and let them cool. Add the vanilla to the mixture. In a separate bowl, using a mixer, beat the egg yolks with almost all the sugar (reserving 1 tablespoon of the sugar at this point), until they are pale yellow. In another bowl again using a mixer, beat the egg whites until stiff, adding the reserved 1 tablespoon of sugar at the end of whisking. Once the chocolate mixture is cooled, add it to the yolks and gently mix – no need for the mixer here. Then add this mixture gently to the egg white, mixing only enough to incorporate them, and being careful not to beat all the air out of the egg whites. Pour the mixture into a 8 inch pan which you’ve greased and dusted with cocoa and bake for about 25 min, until the sides look firm, but the center is still jiggly and not entirely set. You can also bake it in a large pan, the cake will still taste amazing, but it will be a be a bit shorter. Enjoy ! Hope you love it as much as I did !


Share/Bookmark

6 comments:

Anonymous said...

Pa jeste ne mora uvek biti brasno.I pozdravljam ovakve recepte.Ja ionako belo brasno (koje je toliko modifikovano da nema veze sa originalnim ) cvrlo malo korsitim.A na tvojim slikama se vidi d aje kolac sigurno njami:)

Hally Holman said...

Е ваква чоколадна торта барав :) Thanks girls :)

Sandra said...

Predivno!!! Perfect recipe and great presentation!!!

Maja said...

Thanks everyone ! Fala Dani i Dzoli !

Anonymous said...

Добар рецепт, само повеќе внимавајте на литературниот јазик. Сад, а не посуда, и масло за јадење, а не зејтин (само некои од очигледните грешки). Така блогот ќе ви биде уште подобар, штета е англискиот да ви е подобар од македонскиот.
Поздрав.

Anonymous said...

ОООдлично, баш за мојот вкус. Ме потсети многу на попечено топло-ладно колаче, практично рецептот е тука негде(таму ума малку брашно) со сладолед од ванила и малинки мх мх хм :)))