scroll down for the recipe in english
знам дека е сезона на јагоди, и ние дома многу ги јадеме, најчесто свежи. ама оваа година немам ништо ново направено со јагоди, сé поради овој рецепт од лани. совршен е, и веќе три пати го направив оваа година, кремчето, јагодите, тестото... совршено одговараат заедно.
ама затоа имам нов рецепт за чоколадна торта, и тоа не било каква, туку со темно пиво гинис.
рецептот е од овде и овде. не можам да кажам дека пивото се осеќа во тортата, ама вкусот секако е одличен, а тестото е сочно и густо и прилично чоколадно.
за тестото:
250 ml гинис
250 g несолен путер, исечен на парчиња
75 g какао
400 g шеќер
142 ml кисела павлака
2 јајца
1 кесичка ванилин шеќер
275 g сенаменско брашно
2 1/2 лажички сода бикарбона
за преливот:
300 g крем сир
150 g шеќер во прав
125 ml хопла
ставете ги пивото и путерот во големо тенџере и загревајте ги додека путерот не се стопи (кујната ќе ви мириса прекрасно додека путерот се топи), па додајте ги какаото, шеќерот и ванилиниот шеќер, измешајте и тргнете го тенџерето од шпорет. изматете ја киселата павлака со јајцата, додајте ја во тенџерето со пиво, па додајте ги и брашното и сода бикарбоната.
сипете го тестото во тавче со пречник од 22-23 cm, намачкано со путер или маргарин и обложено со хартија за печење и печете ја тортата во загреана рерна на 180°C околу 45-60 минути. не ја вадете од тавчето додека не се олади.
за преливот, изматете ги крем-сирот и шеќерот во прав, па додајте ја хоплата и матете додека не се згусне. мојот прелив остана потечен отколку што очекував, ама сепак беше вкусен врз тортата.
кога ќе се олади тортата, ставете ја на чинија за послужување и прелијте ја со преливот.
i know it's strawberry season, but all i'm making with strawberries are these puff pastries. the strawberries, the cream and the puff pastry are perfect together.
but i have a new recipe for chocolate cake, and it's not just a chocolate cake. it's a chocolate cake with guinness.
the recipe is from here and here. i can't say that you can taste the guinness, but the cake is thick and moist and very chocolaty.
for the cake:
250ml Guinness
250g unsalted butter, in pieces
75g cocoa
400g caster sugar
1 x 142ml pot sour cream
2 eggs
1 tablespoon real vanilla extract
275g plain flour
2 1/2 teaspoons bicarbonate of soda
for the topping:
300g cream cheese
150g icing sugar
125ml double or whipping cream
preheat the oven to 180°C, and butter and line a 23cm springform tin.
pour the guinness into a large wide saucepan, add the butter - in spoons or slices - and heat until the butter's melted, at which time you should whisk in the cocoa and sugar. beat the sour cream with the eggs and vanilla and then pour into the brown, buttery, beery pan and finally whisk in the flour and bicarb.
pour the cake batter into the greased and lined tin and bake for 45 minutes to an hour. leave to cool completely in the tin on a cooling rack, as it is quite a damp cake.
when the cake's cold, sit it on a flat platter or cake stand and get on with the icing. lightly whip the cream cheese until smooth, sieve over the icing sugar and then beat them both together. add the cream, beat again until it makes a spreadable consistency and ice the top of the black cake.
5 comments:
Ubicete me sa ovom cokoaldom..definitivno.
Njami njami njami:)
Kade mi e viljuskata?! Ke pochnam da go bockam ekranot... YUM!
This looks so chocolaty and yummy...!
thanks :-)
Bojke i Daniel, slkive se divni ! Ligi mi techat !
Post a Comment