Tuesday, July 14, 2009

Сладолед




2 шлага
4 јајца
6 лажици шеќер
250- 300 ml ладно млеко

двата шлага се матат со млекото во една вангла. во друга се матат четирите белки, им се додаваат шесте лажици шеќер и четирите жолчки, а потоа и шлагот. на ова можете да му додадете ванилин шеќер, какао, чоколадо, мармалад, овошје или некој друг вкус.
јас ставив 2 кесички ванилин шеќер и така замрзнав половина од количината, а во другата половина додадов 2 лажици несквик.
сладоледот се става во кутија и во замрзнувач и може да се јаде по неколку саати, кога ќе се замрзне.


2 cups cream
4 eggs
6 tablespoons sugar


beat the cream in one bowl, in another beat the egg whites, add sugar, egg yolks and the cream. put the ice cream in a plastic box and in the freezer for a few hours.
you can add vanilla, cocoa, chocolate, jam, fruits or other flavour to this basic ice cream.
i put 2 sachets vanilla sugar in the icecream and froze half the batch like that, and i added 2 tablespoons nesquick in the other half.

Share/Bookmark

Saturday, July 11, 2009

Ребра во црвено вино и цвекло печено во фолија



за ребрата во еден сад помешајте:

2 лажици зејтин
2 истолчени лукчиња
сол, бибер
200 ml црвено вино
2 лажици соја сос
2 лажички балсамик оцет
2 лажици кечап
2 лажички сенф
2 лажички мед

сето тоа прелијте го врз пола кило свински ребра и оставете го во фрижидер пола саат или повеќе. ако немате време за маринирање, можете да го прескокнете фрижидерот и веднаш да ги ставите да се печат на 180°C околу еден саат. еднаш или два пати во текот на печењето полејте ги ребрата со течноста. многу се вкусни со цвекло печено во фолија.

за цвеклото ви требаат две подолги парчиња фолија со кои ќе го обложите тавчето, а да има доволно и да се завитка цвеклото „херметички“. во тавчето врз фолијата ставете:

пола кило цвекло, излупено и исечено на крупни парчиња
многу лукчиња, цели, неизлупени, само малку смачкани
оригано
сол, бибер
маслиново масло
балсамик оцет

малку промешајте, затворете ја фолијата да не може да излегува пареа и ставете го тавчето во загреана рерна на 200°C. Треба да се пече 40-60 минути.
Share/Bookmark

Tuesday, July 7, 2009

Вафли со овошје


овде немаше многу готвење, освен слаткото од јагоди кое го направи мајка ми, вафлите се од кам маркет, а бананата е исецкана на кругчиња.
можете да ставите какво сакате овошје и какво сакате слатко или мармалад или мед или стопено чоколадо.
Share/Bookmark

Sunday, July 5, 2009

Ориз со тиквици



испржете еден кромид исечен на тенки кришки. додадете една пиперка исечена на кругчиња и една тиквица на четвртинки кругче и пржете ги на средно. потоа ставете малку сол, бибер, турмерик (куркума), коријандер во зрнца, мелен кардамом и 2-3 исцкани лукчиња и пржете уште малку.
се јаде со ориз, а за оризот другпат ќе праиме муабет.
Share/Bookmark

Thursday, July 2, 2009

Чоколадни мафини







Неизвесно е дали се ова мафини или капкејкс, ама вкусни се и, што е најважно, чоколадни. а можеби и диетални: нема ни масло ни јајца во нив.

1ипол шоља брашно
3/4 шоља шеќер
1/4 шоља какао (јас додадов и 2 лажици несквик)
1 кесичка прашок за пециво (таканаречен баким прашак)
1 лажиче сода бикарбона
2/3 шоља јогурт
2/3 шоља млеко
1 кесичка ванилин шеќер

прво промешајте ги сувите состојки, па додадете ги течните и промешајте кратко. смесата истурете ја во тавче за мафини намачкано со маргарин или користете хартиени чашки. печете ги мафините на 200°C околу 15-20 минути.
не се надигаат многу, па се згодни за украсување. овие мартин ги украси со мрвици во боја и чоколадни топчиња, врз слатка павлака помешана со несквик.
Share/Bookmark

Monday, June 29, 2009

Салата со модри патлиџани, наут, печени пиперки, сирење и маслинки


1 голем модар патлиџан
1 шоља наут, стоен преку ноќ во вода, варен пола саат и исцеден, или
1 конзерва наут, исцеден
2 црвени пиперки, печени, излупени и исчистени од семки (јас имав вакви замрзнати, ама
можете да употребите и пиперки од тегла)
бело сирење
црни маслинки
оригано
сол
бибер
балсамик оцет
маслиново масло
соја сос
2 лукчиња, истолчени

Модриот патлиџан исечете го по должина на тенки кришки, околу 5 мм дебели. намачкајте ги кришките со малку маслиново масло од двете страни, наредете ги во тавче во еден слој и печете ги во рерна 10тина минути, додека не омекнат во средината и не почнат да се заруменуваат. потоа наредете ги во тањир.

помешајте ги оцетот, соја сосот, лукчето, ориганото, солта и биберот и потоа, цело време мешајќи, полека сипете го маслиновото масло.

ставете ги наутот, исечените пиперки, сирењето исечено или здробено и маслинките во еден сад и прелијте ги со "dressing"-от и сето тоа истурете го врз модрите патлиџани.
Share/Bookmark

Thursday, June 25, 2009

Полжави со афион




за тестото:
300 g брашно
1 кесичка ванилин шеќер
200 g путер, на собна температура
125 g шеќер

сето ова + малку вода се меша прво со вилушка, па потоа со рака и тестото се остава во фрижидер пола саат.

едно кесиче (100 g) афион се вари со многу малку вода (баба ми вика дека треба да биде млеко, ама тоа ќе го пробаме следниот пат) + 100 g шеќер додека шеќерот не се растопи и не се згусне.

тестото се развлекува со сукало на 5 mm дебелина во правоаголна форма. се мачка со афионот, се витка во ролат и од него се сечат парчиња 5 mm дебели кои се печат на хартија за печење во загреана рерна на 180°C, околу 18 минути. кога ќе се извадат од рерна треба да бидат меки, ама кога ќе се оладат ќе се стврднат.
Share/Bookmark