Friday, March 5, 2010
Чоколадни мафини 2 / Chocolate muffins 2
за разлика од првите чоколадни мафини, овие, како што гледате, прилично нараснуваат. и имаат прилично повеќе чоколадо.
за 12 мафини:
150 gr чоколадо за готвење, јас го сакам оноа од кам маркет
250 ml млеко
75 gr путер, омекнат
250 gr брашно
1 прашок за пециво
4 лажици какао
1/2 лажиче сода бикарбона
100 gr кафеав шеќер
1 јајце
1 ванилин шеќер
пола од чоколадото и млекото ставете ги во помало тенџерче, па врз друго тенџере со вода што врие. кога чоколадото ќе се стопи, тргнете го од водата и оставете го да се олади. останатото чоколадо исецкајте го на мали коцки. помешајте ги сите останати состојки заедно со оладеното млеко и чоколадо и со исецканите чоколатца и смесата сипете ја во тавче за мафини кое сте го подмачкале или сте ставиле хартиени корпички за мафини. печете ги мафините на 200°C околу 15-20 минути.
unlike the first chocolate muffins, these, as you can see, rise a lot more. and they have more chocolate in them.
for 12 muffins:
150 gr dark chocolate chips
250 ml milk
75 gr butter at room temperature
250 gr flour
1 sachet baking powder
4 tbs cocoa
1/2 ts baking soda
100 gr brown sugar
1 egg
1 sachet vanilla sugar
put half the chocolate chips and the milk in a little pot over boiling water. when the chocolate is melted remove and let cool. combine all the other ingredients with the cooled milk and the rest of the chocolate chips and pour the dough in a greased muffin tin. bake the muffins at 200°C around 15-20 minutes.
3 comments:
може ли малце по детално за тоа како се мешаат останатите состојки??
се разбира дека може, иако малце каснам со одговоров:
ставете ги стопеното чоколадо и другите состојки во вангла, сите одеднаш и измешајте ги со маталка или со миксер или со две вилушки, да станат хомогена маса. толку.
Mmmmmm prevkusni se! Mnogu se lesni za pravenje, ednostavno ne mozesh da gi utnesh. Konecno mozam da si go izveduvam utrinskiot ritual kafe + cokoladen mafin koga i da posakam :)))
Post a Comment