Wednesday, March 10, 2010

Лосос на пареа / Steamed salmon


неодамна нè контактираа луѓето од electrolux сo интересен предлог за соработка. ние предлогот со задоволство го прифативме и еве, овој рецепт е првиот плод на таа соработка: лосос зготвен на пареа.


за тројца:
6-7 парчиња лосос
неколку ливчиња липа
тавче или тенџере со решетка и капак

во тавчето сипете вода и ставете неколку листови липа. ставете ја решетката и наредете ги парчињата лосос, посолени и со по едно ливче липа на секое парче. поклопете го сето тоа со капак и ставете го во загреана рерна на 250°C да се готви околу пола саат. од време на време проверете ја водата под решетката, ако испари дотурете зовриена.

ние лососот го јадевме (и го изедовме) со варени компири, младо кромитче и лукче и сосче направено од пола павлака, 1 лажица мајонез, 1 смачкано лукче и малку вегета. беше мнооооогу вкусно.


not long ago we were approached by the people from electrolux with an interesting idea for a collaboration. we gladly accepted and this recipe is the first result of this collaboration: steamed salmon.

for 3:
6-7 salmon cutlets
linden flowers
a pot or pan with a grid and a lid


pour water in the pan and put a few linden flowers. put the grid on and arrange the salmon, sprinkle with salt and put one linden flower on each piece. cover with the lid and put in the oven preheated on 250°C for an half an hour. check the water from time to time, if it's evaporated, refill with boiled water.

we ate the salmon with boiled potatoes, scallions and green garlic and a sauce made from half a cup sour cream, 1 tablespoon mayonaise, 1 crushed garlic clove and a pinch of vegeta. it was delicious.
Share/Bookmark

2 comments:

Kitchen Butterfly said...

Ahhh so that's what those leaves are. I've seen people use them to poach pears.... at least I think its the same leaf. "?The salmon looks lovely

Maja said...

Aha, linden tea is very popular in Macedonia. People usually make it from loose leaves and half the nation suffers from allergies when the many, many trees blossom in spring !
by the way, the citrus dust is mesmerizing !