Friday, March 19, 2010

Колачи со портокал / Orange cakes

scroll down for recipe in english


рецепт од списанието redbook од јануари 2000 г.

1 шоља брашно
1 прашок за пециво
1/3 шоља шеќер
1/2 шоља јогурт
1 јајце
1 лажица зејтин
рендана кора од еден портокал

глазура
1 шоља шеќер во прав
3 лажици сок од портокал

изматете го сето ова и сипете го во подмачкано тавче за мафини. рецептот вика дека излегуваат 6 големи мафини, и јас тестото го сипав во 6 чашки, ама беа преполни, па тестото сакаше да побегне кога почна да се пече. премногу нараснаа и дури и се споија. можев да добијам 7 или 8 убави мафини, да не го преполнев тавчето. ако имате тавче со 12 чашки, во празните сипете вода до висина од 1/3.
печете ги на 180°C околу 15-20 минути. потоа без да ги вадите од тавчето избодете ги со вилушка, па помешајте ги шеќерот во прав и сокот од портокал, истурете го врз колачите и оставете ги пола саат да го упијат.


recipe from redbook magazine from january 2000.

1 cup flour
1 sachet bakind powder
1/3 cup sugar
1/2 cup yoghurt or buttermilk
1 egg
1 tablespoon oil
grated zest from 1 orange

glaze
1 cup confectioners sugar
3 tablespoons orange juice

mix everything for the cakes and pour in buttered muffin tin. the recipe says you should put it into 6 cups, but when i did that the cups were too full. put the dough in 7 or 8 cups filling them to 2/3 of the height and fill the rest with water to 1/3 of the height.
bake at 180°C for 15-20 minutes. then poke the cakes with a fork, mix the confectioners sugar with the orange juice, pour pover the cakes and leave to absorb for half an hour.
Share/Bookmark

5 comments:

Vera said...

Е значи лиги ми потекоа од ова. И имам се за да си направам во овој момент ама го немам најважното, а тоа е тавче за мафини.Сега е ноќе, а да беше ден ке тркнев до најблиската продавница и ке купев тавче.
Се мислам во моментот што да користам место ова тавче....хмммм..ништо не ми текнува!

bojana said...

дренка, можеш и хартиени чашки за мафини да употребиш, само за секое колаче стави по две за да бидат поцврсти. или испечи го тестото во обично правоаголно тавче па исечи го на коцки.

колачиве се стварно многу сочни и портокалови.

Vera said...

И навистина се убави, ги направив и супер се.Фала!

special_kej said...

и јас ги направив и многу се добри...и што е најважно ептен лесни се за правење... сакам уште рецепти за мафини :)

bojana said...

fala :-))) kje bide, naskoro ushte mafini.