Monday, April 5, 2010

What to do with all of your Easter hard-boiled eggs .....Што да се прави со сите велигденски јајца ....


Mmmm, Easter ... there are a lot of things I love about Easter food, but I am not crazy about boiled eggs. This recipe will help you use up all of your Easter hard-boiled eggs and make them much tastier. The combinations of flavours are limitless. You can improvise and use whatever you have on hand. Next time I am using chopped pickles and possibly curry powder. Adjust the amounts to your needs.

6 boiled eggs

for the paprika-tomato deviled eggs
3 yolks from the boiled eggs
2 tablespoons mayonnaise
2 - 3 sun-dried tomatoes
~ teaspoon red pesto (optional)
salt, black peper and smoked hot or sweet paprika to taste

for the creamy deviled eggs
3 yolks from the boiled eggs
1 tablespoon mayonnaise
1 tablespoon sour cream
1 -2 finelly chopped spring onions
salt, black pepper

To make either of the fillings, in a bowl, mash the yolks with all the ingredients and season to taste. Fill the empty egg white halves with the mixture. Sprinkle oregano over the tomato filled eggs, and black pepper over the other ones. Chill or serve immediately. Enjoy !


Аах, Велигден ..... јас лично не можам да се одлучам дали повеќе сакам Нова Година: руска салата, сарма, и можеби свинско .... или Велигден: јагнешко, салати и повторно јагнешко. Јас, можеби веќе знаете, не сум многу по варените јајца. Ама денеска имам одличен рецепт за да се спасите од сите варени, вапцани јајца после Велигден, и плус јајцата се многу повкусни во оваа варијанта. Се разбира, количините може да ги прилагодите на вашите потреби.

6 тврдо варени јајца

За портокаловите јајца
3 жолчки од варените јајца
2 лажици мајонез
2-3 исецкани суви домати (ако вашите суви домати не се пакувани во масло, ќе треба да ги рехидриpате со вода)
1 -2 лажичиња црвено песто (ако имате, ако не, не мора)
црвен пипер - или уште подобро чаден лут црвен пипер (или буковец)
сол, бибер

Изгмечете ги жолчките со мајонезот и со другите состојки. Празните белки со лажиче наполнете ги со смесата. Врз нив ставете малку оригано.

за белите јајца
3 жолчки од варените јајца
1 лажица мајонез
1 лажица павлака
1 -2 млади кромидчиња, ситно исецкани
сол, бибер

Изгмечете ги жолчките со сите состојки и со смесата наполнете ги празните белки. Одозгора ставете уште малку бибер.

Комбинациите на вкусови се неограничени. Следниот пат ќе додадам ситно исецкани кисели краставички, а можете да додате кари зачин .... ако ви текне некоја интерсна варијанта, оставете ни коментар да ни кажете за неа. Уживајте !



Share/Bookmark

2 comments:

LjupkaN said...

Pa ne pisuvaat mnogu luge komentari no neblagodarno bi bilo da ne napisam====>Mojot denesen mini rucek:) like:) belite se poubavi:)

Maja said...

Fala Ljupka ! Bas mi e milo !
Maja