Saturday, April 3, 2010

Пролетна торта ..... Spring Carrot Cake


scroll down for recipe in english

Еве совршен десерт за Велигден или за било кој ден од пролетта (или летото.....) Изгледа скромно, ама вкусот е прекрасен. И најтешкиот дел е да се изренда морковот. Тестото и филот се прават многу лесно и бргу. Мора да го пробате рецептов !

тесто
пола шоља зејтин (125 мл.)
3/4 шоља кафеав шеќер (150 гр., ако немате, може и обичен бел)
3 јајца
2 лажици мед
1 3/4 шољи брашно (230 гр.)
1 лажиче прашок за печење
пола лажиче сода бикарбона
малку сол (1/8 лажиче)
2 лажичиња ѓумбир во прав
2 лажичиња цимет
2 и пол шољи рендан морков
1 шоља ананас од конзерва (убаво исцеден и исецкан)
1 шоља кокос (~ 70 гр.)
1 шоља исецкани ореви (~ 120 гр.)

фил
200 гр. крем сир (како Дукатела)
40 гр. шеќер во прав
1 ванилин шеќер
50 гр. путер (на собна температура)
1-2 лажици млеко
вака изгледа непеченото тесто
Измешајте ги јајцата, зејтинот, шеќерот и медот со маталка (нема потреба да го валкате миксерот за ова). Во друга посуда измешајте ги брашното, сода бикарбоната, бакин прашакот, циметот, ѓумбирот, кокосот, оревите, ананасот и морковот. Полека додајте ја мешавината со јајца во сувитe состојки. Измешајте ги убаво. Печете ја тортата во тавче подмачкано со зејтин и брашно (моето беше округло 26 см - но можете да ја печете и во правоаголно) околу 45 - 50 минути, во загреана рерна на 170 Ц степени. Проверете дали тортата е готова со нож или чепкалка, однадвор ќе биде светло кафена.
Измешајте ги крем сирот, шеќерот, путерот и ванилата со миксер. Ако филот е премногу густ додајте една лажица млеко. Јас додадов 2 лажици, но тоа ќе зависи од густината на крем сирот. Филот треба да има густина на павлака.
Кога тортата сосема ќе се излади, извадете ја од тавчето внимателно. Покријте ја со фил, и врз него посипете малку цимет. Не ја филувајте тортата додека е топла, бидејќи филот ќе се стопи. Уживајте ! Јас одам да јадам уште едно парче!
P.S. Немате таканаречен cake stand - постоље за торта? Немам ни јас. На масата превртив мала посуда и врз неа ја ставив чинијата со тортата ! Изгледа како убаво, бело постоље за торта !
This carrot cake is divine. It comes to together in minutes and it's the perfect dessert for Easter, or for any other day for that matter. I adapted the recipe from the food blog Good Food, Good Wine, Bad Girl - available here. You must try it ! You will not be disappointed.
Cake
1/2 cup oil
3/4 cup brown sugar
3 eggs
2 Tbsp. honey
1 3/4 cups flour
1 tsp. baking powder
1/2 tsp. baking soda
a pinch of salt
2 tsp. ginger powder
2 tsp. cinnamon
2 1/2 cups grated carrot
1 cup drained and crushed pineapple from a can
1 cup chopped walnuts
1 cup coconut
Frosting
200 gr. cream cheese (7 oz.)
50 gr. butter (2 oz. or 1/4 cup - at room temrature)
1/3 cup powder sugar
a dash of vanilla
1 or 2 tablespoons milk

Mix all the wet ingredients and the sugar in a bowl with a whisk. In another bowl, mix all the remaining ingredients. Add the wet mixture to the dry and mix well. Bake in a greased and floured pan (mine was a 10 inch round pan - but you can use a 9 or even 8 inch pan) in a preheated oven at 325 F (170 C degrees), for 45 - 50 minutes. The baked cake will look light brown and a toothpick inserted in the middle will come out clean.
Cool the cake in the pan, then remove to a plate. Mix all the frosting ingredients with a mixer. Only add the milk if your frosting is too thick. Once cake is completely cooled, add frosting on top and then sprinkle with a bit of cinnamon. If like me, you don't own a beautiful cake stand, you can invert a small bowl and put a plate on top of it. DIY - cake stand ! Enjoy! This cake will make you happy !
Share/Bookmark

1 comment:

bojana said...

bravo za slikite!