Nyhavn во Копенхаген, покрај Nyhavn каналот, облачен ден.
Nyhavn area next to the Nyhavn canal on a cloudy day.
Cafe Norden на мало плоштадче, кај што јадевме ручек првиот ден (огромен, скап ручек - класична туристичка грешка, ама сепак беше многу многу вкусен).
Cafe Norden on a little charming square where we ate lunch the first day (an expensive, huge lunch - aaah, tourists - we never learn)
Мојот огромен ручек во Cafe Norden: сендвич со парчиња печено свинско, црвена зелка, јаболко, сос од мајонез и туршија, зелена салата и печени компирчиња....
Сендвичите беа да паднеш во несвест, оргомни и исклучително вкусни ... сеуште го сонувам јадењево.....
My gigantic sandwich in Cafe Norden: 3 slices of roasted pork loin, topped with cooked red cabbage, apple slices, lettuce and a sauce made of mayo and pickled veggies + roasted potatoes. It was heaven on a plate. I am still dreaming about it...................
Хамбургерот на маж ми: огромна плескавица, кашкавал, сланина, црвен кромид, мешавина од разни зелени салати, мајонез и домати + печени компирчиња. Се разбира и ова го пробав и беше супер.
Мy husband's burger: a giant pattie with cheese, bacon slices, mayo, mix of green leaves, tomato and red onion + roasted veggies. I tasted this too and it was amazing.
Ладен чај во Cafe Norden: сликава лаже... чашава беше како бокал, околу 750 мл сигурно, и чајот беше измешан со сок од бозел и јаболка + свежи боровинки и рибизли. Најубавиот ладен чај на светот.
Ice tea at Cafe Norden: the photo is deceiving, the glass was huge, around 750ml. The tea was mixed with elderflower and apple juice and fresh blueberries and currants were floating in it. The best ice tea in the world.
Од бродче, на каналите.
Sightseeing in a boat in Copenhagen's many canals.
Пиво во фабриката Carlsberg. Јас пиев Carl's Ale кое беше слатко, вкусно, лесно .. скоро како со вкус на карамел. За жал Carl's Ale не сум видела во Холандија и Македонија.
Drinking beer at the Carlsberg factory. I had a Carls' Ale, which was sweet, light and delicious, almost caramelized. Too bad I have not seen Carl's Ale in Holland or Macedonia.
2 comments:
mm mm mm... mnogu mi se sheta
Супер :)
Post a Comment