Sunday, May 23, 2010

Лиснато тесто со јагоди и крем од ванила / Puff pastries with strawberries and vanilla cream


ова е еден од оние рецепти кои кога ќе ги видам на некој блог или во готвач, морам веднаш да ги пробам. кога ги видов овие лиснати теста полнети со ванилин крем и свежи јагоди едвај чекав да дојдам дома и да ги направам. за среќа, веќе имав замрзнато лиснато тесто, кое чекаше добра идеја, а на јагодите сега им е моментот. ние обично ги јадеме само така, без никакви додатоци или готвење, ама овде така добро се стопуваат со кремот од ванила...

немам слики од процесот на правење, даниел, главниот фотограф на ситносецкано не беше тука, ама на блогот white on rice couple ќе најдете убави слики кои многу го објаснуваат правењето.


за 6 лиснати погачици:

500 gr (купечко) замрзнато лиснато тесто, одмрзнато (некогаш ќе пробам да го смесам, до тогаш купечкото е доволно добро)
1/2 kg јагоди, измиени, исчистени и исецкани на четвртинки
1 шоља ванилин крем (рецептот ќе биде подоле)
јајце за премачкување (1 белка измешана со 1 лажица вода)


за кремот од ванила:
1 шоља млеко
2 лажици нишесте
4 лажици шеќер
1 јајце
1 кесичка ванилин шеќер

помешајте ги нишестето, шеќерот и ванилиниот шеќер. додадете го јајцето и убаво измешајте, да нема грутчиња. загрејте го млекото, со мешање, да не се залепи на дното на лончето. сипете третина од жешкото млеко во мешавината со јајце и брзо промешајте, па сипете го сето тоа во останатото млеко. вратете го лончето на шпорет, на тивко и мешајте додека кремот не се згусне. кремот можете да го направите и три дена однапред, и да го чувате во фрижидер додека не ви притреба.

одмрзнатото лиснато тесто, посипано од брашно од двете страни, исукајте го на дебелина од околу 3 mm и исечете го на 6 дела со димензии отприлика 10 x 17 cm. исечете ги лентите како на сликите и наредете ги парчињата на подмачкано тавче или врз хартија за печење. ставете по 1 голема лажица (или малку повеќе) од кремот во средината на секое парче тесто, врз него ставете поприлична количина јагоди, па свиткајте ги лентите од тестото врз јагодите, една по една, наизменично, од едната и од другата страна и притиснете ги малку да се залепат. премачкајте ги погачиците со белката и печете ги во загреана рерна на 200°C околу 25-30 минути или додека тестото не е добро испечено. многу убаво мириса додека се печат.


this is one of those recipes that make me want to try it immediatelly when i see it in a blog or a cookbook. when i saw these puff pastries with freash strawberries and vanilla cream i could hardly wait to get home and make them. fortunatelly, i already had frozen puff pastry, waiting in the freezer for a good idea to be used, and the strawberries are at their peak at the moment. we usually eat the strawberries as they are, but in this recipe they melt with the cream nicely...

i don't have photos of the making process since daniel, the chief sitnoseckano photographer, wasn't here, but you can see the photos on white on rice couple blog, which illustrate the making process very well.

for 6 puff pastries:

500 gr (store-bought) frozen puff pastry, defrosted (some day i'll try to make my own puff pastry, but till then the store-bought is good enough)
1/2 kg strawberries, washed, cleaned and cut in 1/4 pieces
1 cup vanilla cream (recipe follows)
egg wash (1 eggwhite mixed with 1 tablespoon water)

for the vanilla cream:
1 cup milk
2 tablespoons cornstarch
1egg
1 satchet vanilla sugar

mix cornstarch, sugar and vanilla sugar. add the egg and mix well to remove any lumps. heat the milk. pour 1/3 of the hot milk in the egg mixture and stir quickly, then pour the egg mixture into the rest of the milk. put the pot back on the stove and stir untill the mixture thickens. the cream can be made 3 days ahead and kept in the fridge.

roll the dough to 3 mm thick and cut in 6 pieces, approximately 10 x 17 cm.  cut strips as shown on the pictures and put the pieces on a buttered baking sheet or on a baking paper. put 1 tablespoon (or a little more) of the cream on every piece, put a good amount of strawberries over the cream, then bring the strips over the strawberries, one by one, alternating the sides. brush with egg wash and bake in a preheated oven at 200°C around 25-30 minutes or until the dough is done. they smell heavenly while baking.
Share/Bookmark

No comments: