Sunday, May 9, 2010

Пита со наут / Chickpea filo pie



 рецепт од овде.

200 gr тенки кори
1/2 шоља ориз (јас употребив интегрален ориз, варен 35 минути во 5 пати повеќе вода и исцеден, скоро до крај, оставете малку течност)
1 шоља наут стоен 24 часа во вода во фрижидер (веќе ми се гледа топло времето за оставање надвор од фрижидер) и потоа варен 2-3 часа додека не омекне, па исцеден
1/2 лажиче мелен кумин
1 мал кромид, ситно исецкан
2 лажици маслиново масло
1/2 лажиче куркума
1 лажиче коријандер во зрна
1 лажиче гарам масала
3-4 сушени патлиџани, искинати на парченца (мене ми е полесно да ги кинам, отколку да ги сечам)
1 лажиче сол
50 gr путер
малку сусам

за ова јадење ви требаат малку да планирате однапред и да го ставите наутот да стои во вода 24 часа и потоа да го варите 2-3 часа, ама ако сакате да го прескокнете чекањето и варењето, употребете веќе спремен наут од конзерва, т.е. 2 конзерви.

загрејте го маслиновото масло и испржете го кромидот со зачините, па додадете ги сувите патлиџани, сварениот ориз, наутот и солта. од корите оставете 3 за најгоре. стопете го путерот и премачкајте тавче со пречник од 22 cm со малку од стопениот путер, па наредете ги останатите кори во тавчето и секоја премачкајте ја со путерот. сипете го филот, префрлете ги врз него краевите од долните кори, премачкајте ги со путер, па ставете ги 3те останати кори згужвани врз нив, секоја премачкана со путер. посипете со сусам и печете ја питата во загреана рерна на 200°C околу 20 минути, или додека корите не се заруменат. забодете нож во средината и ако е топол кога ќе го извадите, питата е готова.







за ова видео се сликани 600 фотографии со резолуција од 12 MP.
музика: bebel gilberto & smoke city - august day song
600 photographs at 12 MP were used in the making of this video.
music: bebel gilberto & smoke city - august day song


recipe from here.

1/2 teaspoon cumin seeds
1 small onion, finely diced
2 tablespoons olive oil
1/2 teaspoon turmeric
1 teaspoon coriander seeds
1 teaspoon garam masala
3-4 sun dried tomatoes, thorn
125g wholegrain rice, boiled for 35 minutes and drained leaving a little of the liquid
1 cup chickpeas, soaked in water overnight, then boiled for 2-3 hours until the chickpeas soften and drained, or 2 cans chickpeas
1 teaspoon salt
50g melted butter
200g filo pastry
sesame seeds

fry the onion with the spices in the olive oil until the onion’s soft. add the rice, sun dried tomatoes, chickpeas and salt and mix.

brush the insides of a 22 cm springform tin with some of the melted butter. line the bottom and sides of the tin with 3/4 of the filo, buttering each piece as you layer. leave a little filo overlapping the sides, and keep 3–4 layers for the top. carefully put in your slightly cooled filling, and then fold in the overlaps. butter the last layers of filo and scrunch on top of the pie as a covering. brush with a final coat of butter, sprinkle with sesame seeds and put in the oven for about 20 minutes, or until the filo is golden and the middle hot. check this by inserting a slim, sharp-bladed knife. if, when you remove it, it feels hot when you press it against your wrist, the pie’s ready.

Share/Bookmark

2 comments:

Branka Bugariska said...

Bravo i za receptot, i za videoto :)

bojana said...

fala, branka