Chrysler Building
Со големо задоцнување, еве го мојот "извештај" od Њујорк ! Во Њујорк бевме во декември за нивниот Божиќ. Ова е (како и за милиони други луѓе) мојот омилен град. Њујорк е посебен. Таму има се и сешто и секакви. Иако репутацијата не му е таква, всушност сите се многу љубезни и пријателски (барем во споредба со Холандија). Се е отворено или 24 часа или до многу доцна навечер. Може се да се најде, да се види, да се проба, да се јаде ....
Еве прво слики од "пејсажот" па од некои од јадењата....
Times Square навечер
Погледот од интериерот на Time Warner Center
Погледот од интериерот на Time Warner Center
Ed Sullivan Theater
Trump Tower
Empire State Building
Fifth Avenue
Поглед од Central Park
Metropolitan Museum of Art (за снегот повеќе во следниот дел)
Eве дел од јадења. За жал, понекогаш гладта и моментот ќе те понесат и заборававме да сликаме се што јадевме. Но сепак имаме многу слики и разни работи да споделиме.
Како што можеби веќе сте приметиле, јас (како и сестра ми) понекогаш се опседнувам со храна и по малку забегувам. Кога бевме во Њујорк минатата година јас си подготвив домашно направен водич за рестораните и храната во Њујорк... од 80 страни..... Го читав со саати и го влечев маж ми да бараме некои места кои не се наоѓаа лесно. Овој пат решив да бидам пофлексибилна, ама сепак успеав да го одвлечкам на две - три места.
Препораките за каде да јадеме се од Serious Eats New York - блог кој го читам скоро секој ден, од New York Times Dining делот, од блогот Midtown Lunch, и од мојот колега Гил, кој е од Њујорк и кој ми е ортак за јадење и зборење за храна на работа.
Ова ни беше појадок во хотелот секој ден. Bagels, една половина со путер, една со крем сир, кафе, сок и банана. Дивни беа.
Патки, голем октопус и други чуда во излог на ресторан во Chinatown.
Еднаш јадевме во Chinatown. 24 декември беше и имаше многу гужва. Подоцна дознав дека Евреите од Њујорк имаат обичај на Christmas Eve да одат во кино и на кинеска храна. Ресторанот не знам како се викаше. Патката беше супер, мислам дека беше печена. Кората беше многу крцкава, а месото сочно. Освен тоа јадевеме и pork dumplings, fried rice и Mu Shu Pork - мали палачинки и фил од зелка, печурки, некој интересен сос и парчиња свинско.
Едно од најважните места на кои сакав да одам беше Momofuku Milkbar. Тоа е еден од рестораните на професионалниот готвач David Chang (Американец од Корејско потекло), кој готви нова модерна, интересна храна со азиски влијанија. Momofuku на јапонски значи среќна праска (lucky peach), некои од Momofuku рестораните се доста скапи и доста тешки за добивање резервација, па решивме да пробаме нешто од Milkbar. Milkbar всушност не е баш ресторан, нема столици, само високи маси за јадење на нога. Се наоѓа во East Village.

Прво пробавме кроасан со corned beef, кисела зелка, мајонез и сенф (како варијација на Reuben сендвич). Убав беше ама малку мрсен.
Но најмногу сакав да го пробам нивното најпрепознатливо јадење - pork buns: меко лепче, готвено на пареа, наместо печено, наполнето со неверојатно сочни, меки парчиња свинско, сос, и парчиња свежо-скиселена краставица.
Многу беше вкусно, ама мало... дефинитивно не доволно за ручек за маж ми кој јаде 4,000 калории на ден .... Вкусно ... ама не толку вкусно колку што мислев дека ќе биде сите оние саати кога на работа скришно читав за David Chang во New York Times и на Serious Eats и кога ми течеа лиги на биро ....
За десерт јадевме мало чанче сладолед кој ни го дадоа, така за џабе, да го пробаме, со вкус на Cereal Milk и Horchatta (за ова хорчата повеќе следниот пат...) Десертите и сладоледите ги креира Christina Tosi. И навистина сладоледот Cereal Milk имаше вкус како млекото кога ќе ви остане во чинија кога јадете корнфлејкс насабајле. Многу интересно.

Плус, поделивме и едно парче cinnamon bun pie. Ова беше многу убаво... ама не ми е баш јасно што беше. Како микс од cheesecake, торта, и крцкави парчиња се во едно....
Следниот пат сакам да пробам некој од другите momofuku ресторани, и колачето што се вика Compost Cookie со корнфлејкс, чипс и други чудни состојки.....
Следниот пат сакам да пробам некој од другите momofuku ресторани, и колачето што се вика Compost Cookie со корнфлејкс, чипс и други чудни состојки.....
за ден два, ќе го подготвам следниот дел од ова патешествие....
No comments:
Post a Comment