Sunday, January 16, 2011

Баклава со афион / Poppy seed baklava

scroll down for the recipe in english

еве го рецептот за баклавата со афион. многу лесно се прави и многу е вкусна и лесна за јадење.

ви требаат:
500 g тенки кори

фил: 3 јајца изматете со 2 чаши шеќер (чаша од 200 ml). додадете 1 чаша кисело млеко, 1 прашок за пециво, 1 чаша зејтин, 2 кесички ванилин шеќер, 250 gr несомелен афион.

шербет: 3 чаши шеќер и 2 1/2 чаши вода ставете да вријат 7 минути.


плех голем колку корите (или малку помал, мојот е 22 х 33 cm) намачкајте со зејтин, ставете две кори попрскани со зејтин, а потоа секоја следна кора посипете ја со 3 - 3 1/2 лажици фил. последните две кори повторно попрскајте ги со зејтин. ако се корите поголеми од тавчето, исечете ги колку дното на тавчето, а остатоците употребете ги во редењето.

исечете ја баклавата на коцки и печете ја на 200°C околу 40 минути. кога ќе се олади, прелијте ја со средно топол шербет и почекајте да го упие пред да ја послужите.


here is the recipe for the poppy seed baklava. easy to make and easy to eat.

you'll need:
500 g filo pastry

filling: beat 3 eggs with 2 cups sugar (i used a 200 ml cup). add 1 cup yogurt, 1 sachet baking powder, 1 cup sunflower oil, 2 sachets vanilla sugar, 250 gr poppy seeds.

syrup: boil 3 cups sugar with 2 1/2 water for 7 minutes.

oil a pan as big as the filo sheets (or a little smaller, mine was 22 х 33 cm), put two sheets sprinkled with oil, then pour 3 - 3 1/2 tablespoons of the filling on every next sheet. the last two sheets sprinkled with oil again. if the sheets are bigger than the pan, cut them in the right size and use the left pieces in the layering.

cut the baklava in cubes and bake at 200°C around 40 minutes. when cold, pour the warm syrup and leave to absorb before serving.


Share/Bookmark

4 comments:

Kate @ Diethood.com said...

Lele ova mora da go probam! Ne sum mnogu po baklavata ama ovoj recept mnogu mi se dopagja.

Т. said...

Ја направив! Баклавава е СОВРШЕНСТВО!!!

bojana said...

i jas mislam taka :-). bash mi e milo deka vi se dopagja.

Liz That Skinny Chick Can Bake said...

So gorgeous! I've never seen poppy seed baklava before :)