Thursday, May 12, 2011

Лисната пица / Puff pastry pizza


пица направена со лиснато тесто: нема што многу да се каже, рецептот е многу едноставен, а резултатот вкусен. одмрзнете купечко лиснато тесто (или измесете го ако сте вични, јас сé уште не сум пробала), развлечете го малку со сукало и врз него ставете сé што би ставиле за пица. испечете ја според упатството на лиснатото тесто.
јас направив една со домашен кечап, оригано, кашкавал, сирење, свежи печурки и љута пиперка, а другата со домашен кечап, оригано, кашкавал, сирење, свежи печурки и кулен.


на ист начин можете да направите и мали пицички, само пред да го филувате исечете го тестото на кругчиња или квадратчиња колку залак-два. оноа што ќе остане од тестото, ако го сечете на кругчиња, соберете го во топка, повторно развлечете го и исечете уште кругчиња.


pizza made with puff pastry: nothing much to say, except that the recipe is so simple and the results delicious. thaw frozen puff pastry, roll it a little, top with whatever you want your pizza to be and bake according to puff pastry package instructions.
i made one with homemade ketchup, oregano, shredded mozzarella cheese, crumbled goat cheese, mushrooms and hot pepper, and the other one with homemade ketchup, oregano, shredded mozzarella cheese, crumbled goat cheese, mushrooms and kulen (a type of flavored pork sausage).


you can also make little pizza bites by cutting the puff pastry in circles or squares.
Share/Bookmark

4 comments:

Vera said...

е ова никогаш не ми текнало..пица на лиснато..а изгледа интересно..секако ке го пробам. И морам да се пофалам, јас сум пробала да правам лиснато тесто,ама мене не ми испаѓа како купечкото тесто, можеби е до маргаринот што го користев

Anonymous said...

Odlicna ideja
Volim lisnato testo i lepo si ga i 'napunila.Probacu svakako:)

Kate@Diethood said...

E oti mene ne mi teknalo vakvo nesto?!? GENIUS!

bojana said...

фала на сите. и јас некогаш ќе пробам да направам лиснато тесто. месењето ми станува сé поинтересно.