Tuesday, May 3, 2011

Ricotta Gnocchi... Њоки од рикота...

plate 1

Scroll down to the bottom of this post for the recipe in English.

Кога се подготвував да си направам рикота дома, на ум ми беше само еден рецепт за да ја искористам: Њоки од рикота. Иако никогаш не сум јадела вакви њоки во ресторан, сакав да ги пробам и ги замислував лесни, меки, со прекрасен вкус. И рецептов излезе одлично. Дури и самата себе си се изненадив колку беше вкусно јадењево.

Еве го рецептов по кој јас ги направив. Ако не сакате да правите рикота дома, или нема кај да ја купите, можете да пробате со свежа, не солена урда (рецептов сама не сум го пробала со урда ама мислам дека ќе успее).

Еве го рецептот за домашна рикота.


за двајца (мене ми излегоа 36 њоки):
~ 200 гр. рикота
1 јајце
85 гр. брашно + уште малку за масата на која ќе ги обликувате
~ 50 гр. свежо изрендан пармезан (изрендан на најситно)
1/2 лажиче сол


gnocchi 1

Во посуда со лажица измешајте ги сите состојки. Кога мешавината ќе стане топка, ставете ја на работната површина посеана со додатно брашно, и полека и нежно измесете ја дур не добиете мазно тесто. Не го месете премногу тестото, оставете го да биде лесно и дури малку лепливо. Поделете го тестото на 4 дела, па од секој дел направете долгнавеста форма, околу 2 сантиметра во дијаметар, попрскајте уште малку брашно и со нож исечете ги њоките, отприлика 1.5см широки. Точната голема не е толку важна, важно е да бидат во отприлика иста големина. Оформените њоки ставете ги на чинија или послужавник попрскан со брашно.

gnocchi 2gocchi 3


gnocchi 4gnocchi zoom

За да ги сварите њоките, ставете вода во поголемо тенџере и зовријте ја. Кога ќе почне да врие, на средна температура, нежно пуштете ги њоките една по една во водата. Варете ги на два пати за да не се залепат една со друга во тенџерето. Не мешајте, освен еднаш за да се осигурате дека не се залепени на дното од тенџерето. Кога њоките ќе испливаат на површина, значи дека се готови и можете да ги извадите.

Јас ги сварив њоките истиот ден кога ги направив. Можете да ги чувате неварени во фрижидер 1 ден, но најверојатно не повеќе од тоа.

Еве го сосот со кој јас ги јадев.

gnocchi   tomatoes

За двајца:
2 лажици маслиново масло
2 лукчиња, ситно исецкани
околу 15 мали патлиџанчиња, или 4-5 средни, или 2-3 големи, доста зрели
сол
свеж босилок, испокинат со раце
неколку лажици рендан пармезан

Загрејте го маслото во тавче, додајте ги исецканите домати и лукчето. Пржете ги само околу 5 минути, додајте сол, додајте ги варените њоки и измешајте. Додајте го босилокот. Сосов е готов многу бргу. Пренесете ги њоките и сосот во чинија и врз нив ставете пармезан. Беше неверојатно вкусно и многу лесно за правење! Уживајте !


plate end

Ricotta gnocchi with a simple tomato sauce

When I decided to make e homemade ricotta, I had only one recipe on my mind in which to use it: Ricotta Gnocchi. I’ve never had this type of gnocchi before, but I just imagined they would taste amazing and they sure did. And it was a really simple recipe too. came together in about 30-40 min from start to finish including making the gnocchi and the sauce.

For 2 people:
~ 1 cup homemade or store-bought ricotta (~ 200 gr.)
1 egg
3/4 cup all-purpose flour (85 gr.) + more for the surface
1/2 teaspoon salt
1/2 cup freshly finely grated parmesan (~ 50 gr.)

Mix all the ingredients on a bowl with a spoon until the mixture forms into a ball. Tip the ball onto a floured surface and knead very very lightly until the dough looks smooth, but be careful not to overwork the dough. Cut the dough into 4 parts and form each part into a long shape, about 3/4 inch wide, and using a knife cut the gnocchi into little pillows. Transfer the gnocchi onto a floured plate. You can make them right away or store in the fridge for a day.

To boil the gnocchi, bring to boil a lot of water in a big pot. Drop the gnocchi one by one. You will have to cook them in 2 batches in order to avoid them sticking together. Don’t stir the water, except once to make sure they are not sticking to the bottom. Once they rise to the surface, they are cooked ! Drain with a slotted spoon.

For the sauce for 2 people:
2 tablespoons olive oil
2 cloves garlic
~ 15 cherry tomatoes or 4-5 medium ones, chopped (the cherry tomatoes halved)
salt
a handful of fresh, torn basil
few tablespoons freshly grated parmesan

Heat the oil in a pan, add the tomatoes and cook for only about 5 min, on medium heat. Season with salt, add the cooked gnocchi and the basil. Stir and transfer to a plate. Top with lots of parmesan. Enjoy ! This was a fantastic delicious plate of food !

IMG_5131
Share/Bookmark

12 comments:

bojana said...

mmmm, dobro izgleda receptov. bash mi se jadat njoki.

Angellove's Cooking said...

WOW :)your gnocchi look dangerously tasty!!! We love gnocchi at home, but I've never tried any ricotta recipe, so yours looks just the right one for me!!! Great presentation :)

Peggy said...

Yum! This gnocchi dish looks amazing! Can't wait to try it out =)

Stephanie @ 52 Kitchen Adventures said...

Wow, homemade ricotta made into homemade gnocchi sounds absolutely delicious! Well done!

Kate@Diethood said...

mmmmmm! YUMMY! 36? Ne ke mi se dovolno!!

Rick said...

Yum!

My Dream My Fantasy said...

What a lovely blog! Thanks for sharing.

Carolyn said...

Mmm, lovely. I've made this before too, although I called it gnudi. Delicious!

Sandra said...

Predivno kao i uvek! I love the presentation and delicious recipe!
Thanks for sharing!!!

Kristen said...

I have never made gnocchi with ricotta, but have made a delicious cavatelli, so I am sure those that you made were wonderful. I would have a hard time eating just one serving!!

Elena said...

Samo sto gi napraviv njokite spored vashiov recept ama poso nemav rikota gi napraviv so urda i odlicni bea. Receptov vi e pogoden skroz :))))

Maja said...

Fala Elena ! Bas mi e milo ! Znaci definitivno vo recepti urda moze da se zameni za rikota !
Maja