Sunday, July 17, 2011

Мусака со модри патлиџани / Eggplant mоussaka

scroll down for the recipe in english

јас многу сакам мусака. и онаа со компири, ама оваа со модри патлиџани ми е посебна. затоа замрзнувам модри патлиџани, да ги имам спремни за мусака кога ги нема на пазар.
оваа мусака воопшто не е мрсна како што можеби се плашите дека е. јас не ги пржам модрите, туку ги печам, исечени на кругови или надолжно. така ми се повкусни отколку пржени.


2-3 модри патлиџани
2-3 лажици маслиново масло

250 gr мелено месо
1 кромид, ситно исецкан
2-3 лукчиња, на тенки ливчиња
1-2 пиперки, на кругчиња или полукругчиња
неколку бамји, на кругчиња
1-2 патлиџана (или 1 шоља сос од патлиџани)
сол, бибер
1 лажичка црвен пипер
неколку гранчиња свеж магдонос

рендан кашкавал

модрите патлиџани исечете ги на кругови или надолжно, на дебелина од отприлика 4-7 mm. намачкајте ги со маслиново масло од двете страни, наредете ги во голем плех едно до друго без да се преклопуваат на хартија за печење или на алуминиумска фолија и ставете ги да се печат во загреана рерна на 200°C околу 10-15 минути (во зависност од дебелината), додека не омекнат.
можете веднаш да ги употребите за мусаката (или за оваа салата, на пример) или да ги замрзнете* кога ќе се оладат.

додека модрите патлиџани се печат, направете го филот од мелено месо. ставете го кромидот да се пржи на малку зејтин. кога ќе почне да омекнува додадете го меленото месо и пржете го со мешање неколку минути. додадете ги пиперките и бамјите и промешајте. ставете 1/2 лажичка сол (или по ваш вкус), бибер и црвен пипер.
патлиџаните потопете ги во врела вода 1 минута, па излупете ги и додадете ги кај месото исечени на парчиња. пржете ги, со повремено мешање, додека водата не испари и не добиете добра густина на сосот. ако патлиџаните се суви, додадете малку вода.
на крајот додадете ги лукчето и магдоносот и тргнете го тавчето од шпорет.

во тавче намачкано со зејтин, наредете еден ред модри патлиџани, не мора да се преклопуваат, ама може. ставете пола од меленото месо, па пак ред модри патлиџани, мелено месо и уште еден ред модри патлиџани. посипете ги со рендан кашкавал и ставете ја мусаката да се пече на
200°C околу 15-20 минути или додека кашкавалот не се растопи и не се зарумени.

* прво ставете ги во замрзнувач наредени во еден слој, па после 2 часа, кога ќе бидат замрзнати, префрлете ги во кеса наредени едно врз друго. така нема да се залепат при замрзнувањето, лесно ќе се одвојуваат и ќе можете да извадите онолку колку што ви требаат, без да ги одмрзнувате сите.


i love moussaka. i like it with zucchini or potatoes, but eggplant moussaka is my favourite. i always keep baked eggplant in my freezer so i can make moussaka even when there's no eggplant in the market.


2-3 eggplants
2-3 tablespoons olive oil

250 gr minced meat
1 onion, finelly chopped
2-3 cloves of garlic, cut in thin leaves
1-2 peppers, cut in circles or half circles
a handfull of okra
1-2 tomatoes (or 1 cup tomato sauce)
salt, pepper
1 teaspoon paprika
a bunch of parsley leaves

grated cheese

cut the eggplant horizontally or vertically in 4-7 mm thickness. brush both sides with olive oil, arrange on a baking sheet over baking paper or allumium foil, not overlapping and bake at 200°C for 10-15 minutes, until they soften.
you can use them right away for the moussaka (or this salad) or you can freeze* the baked eggplant once it's cooled.

while the eggplant is baking, make the minced meat filling. heat oil in a pan, add the onion, when it starts to soften, add the minced meat and stir while it browns. add the peppers, okra, 1/2 teaspoon salt (or according to taste), black pepper and paprika.
put the tomatoes in boiling water for 1 minute, then peel them, chop and add to the meat. cook until the water evaporates, or add a little water if they are dry. add the garlic and parsley when you are satisfied with the consistency of the filling.

in an oiled baking pan arrange eggplant in a single layer, spread half of the meat filling, repeat with one more layer of eggplant, spread the rest of the filling and finish with eggplant. spinkle with grated cheese and bake at 200°C for 15-20 minutes or until the cheese is melted and golden.

* if you want to keep the baked eggplant in the freezer, first leave them to freeze for a couple of hours arranged in a single layer, then transfer them in a plastic bag. this way they won't stick together while freezing and you can take out as many eggplant pieces as you need without defrosting all of them.
Share/Bookmark

6 comments:

Anonymous said...

Patlidzan moje omiljenoljubicanstvo;)A ovako musaka za vremena svaka:)Vidis kolko volim
sve u stihu krenu.Malo tebe i sebe ja da zabavim a sad dosta rime odoh to da pravim:
p.s.Kod mene na blogu poklanjam dva lepa kuvara da proslavim 100 clana.Ucestvovati moze svako i vrlo je lako.
Ovde: http://dzolistic.blogspot.com/2011/07/hip-hip-hooray-i-have-passed-hundred.html
Nikad se ne zna;))

bojana said...

:-))) dzoli, chestitam za 100te chlenovi. i fala za preubaviot komentar vo forma na stihovi :-))

Angellove's Cooking said...

Oh, this Mousaka looks awesome!! I can imagine how delicious it is :) - great job!!

And I have :) 2 blog awards for you, so please come and gather those when you get a moment: http://angellovescooking.blogspot.com/2011/07/bayleys-ice-creamand-awards.html

bojana said...

Thank you, Mina. We really appreciate it.

Kate@Diethood said...

Lele kolku vkusno izgleda... nom nom nom!!!

Sandra said...

This is one of my favorites, I do usually make it with potatoes, but eggplant sound more Greek and authentic!