Sunday, July 24, 2011

Коцки со џем и кокос / Jam and coconut slice

scroll down for the recipe in english

ова колаче има тенок слој од тесто, премачкан со мармалад и посипан со слој од кокос. лесно и вкусно. јас премачкав една половина од тестото со џем од сливи, а другата со џем од капини, и двата направени од мајка ми. и двете беа подеднакво вкусни.
рецептот го најдов овде.
ако ви се допаѓаат колачи со кокос, пробајте ги и овие коцки.


1 шоља сенаменско брашно
1 1/2 лажиче прашок за пециво
180 gr шеќер
30 gr маргарин (или путер, само со маргарин тестото излегува помеко)
2 јајца
3 полни лажици мармалад или џем
100 gr кокосово брашно

тавче од 18 cm x 30 cm намачкајте со зејтин и обложете го со хартија за печење. поставете ја решетката во рерната малку поблиску до дното за да се избегне кокосот да загори додека долниот дел од тесто сеуште не е испечен.

измешајте го брашното со 90 gr шеќер. со прсти измешајте го маргаринот со брашното, па додадете едно малку изматено јајце и формирајте меко тесто.

притиснете го тестото во тавчето (брцкајте ги прстите во брашно за да не ви се лепат).

намачкајте го џемот рамномерно. ако е густ, загрејте го малку во тенџерче на шпорет или во микробранова за да стане полесен за мачкање.

со вилушка или маталка изматете ги останатите 90 gr шеќер и јајцето, додека мешавината не стане бледа, па додадете го кокосот.

ставајте со лажица од кокосот врз џемот и со вилушка размрдајте го да биде рамномерно распореден.

печете го 28-30 минути во рерна загреана на 170°C, додека кокосот не се зарумени.
лабаво покријте го колачето со чиста крпа и оставете го да се олади. кога ќе се олади исечете го на коцки кои можете да ги чувате го кутија која добро се затвара. ова колаче може да се замрзне.


this cake has a soft pastry base that is spread with a layer of jam and finished with a crisp coconut topping. i used plum jam for half of the slice and blackberry jam for the other half, both made by my mother. both were delicious.
i found the recipe here.
if you like coconut, try these cocоnut squares.



1 cup all-purpose flour
1 1/2 teaspoons baking powder
180 gr caster sugar
30 gr margarine or butter (margarine tends to produces a softer, lighter base than butter)
2 eggs
3 rounded tablespoons jam or marmalade
100 gr coconut

grease and line an 18 cm x 30 cm pan with baking paper. position the oven rack so that the slice will be slightly closer to the bottom of the oven. this is to prevent the topping from over-browning before the base is cooked.

combine flour and 90 gr sugar in a medium bowl. using fingertips, rub in margarine/butter until ingredients are well combined. add one lightly beaten egg and mix to form a soft dough.

press mixture into pan (dipping your fingertips in flour might make this easier).

spread jam evenly over base. if the jam you are using has a thick consistency, it can be warmed in a saucepan or in the microwave to make it easier to spread.

using a fork or whisk, beat remaining 90 gr sugar and remaining egg together until mixture is pale. stir in coconut.

place spoonfuls of coconut mixture evenly over jam. using a fork, gently flick the coconut topping to cover the jam, trying not to disturb the jam too much.

bake for about 28-30 minutes in a preheated oven at 170°C, until topping is golden brown.
loosely cover cooked slice with a clean tea towel and allow to cool in pan. when cooled, cut into pieces and store in airtight container. suitable to freeze.
Share/Bookmark

7 comments:

J e l e n a said...

Volim kokos u svakom kolaču, a ove kocke su jako lepe.

Anonymous said...

Pa da.Kokos doa malo egzotike a u ovakve hrskave kolace i dosta ukusa.Divno su ti ispali:)

bojana said...

hvala :-)

Kate@Diethood said...

YUMMO! Plus so kokos...mmmmm! :) Cel Septemvri ke sum vo Makedonija...misli shto torta ke jadime zaedno!! :)

bojana said...

еееј, супер, кате. обавезно се гледаме.

Sandra said...

This is very very beautiful and light dessert! Would love one right now! Perfektno izgleda!

The Fire Inside Me said...

izgleda fantasticno!!!!