Monday, October 3, 2011

Фокача со грозје / Grape focaccia


 scroll down for the recipe in english

деновиве ни се собра многу грозје дома, немаше шанси да го изедеме пред да се расипе, па побарав некој рецепт каде што може да се употреби. оваа фокача од овде и овде ми се виде како совршен таков рецепт, а и добра прилика да го употребам големото delimano тавче кое заедно со уште неколку тавчиња и тенџериња го добивме како поклон од top shop.


1/2 kg црно грозје (или нешто повеќе, најдобро е да биде грозје со не многу крупни семки)
400 g брашно
7 лажици шеќер
маааалку сол
1 кесичка (7 gr) сув квасец (или 25 g свеж)
сончогледово масло (или маслиново)
околу 300 ml млака вода (или колку што му треба на тестото)

растворете го квасецот во шоља млака вода. помешајте ги во една вангла брашното, солта и шеќерот и додајте го квасецот. јас го мешав сето тоа со вилушка, додека не се спои во убаво тесто. и ги употребив сите 300 ml вода. потоа месете го тестото и додавајте по малку брашно додека не стане убаво меко тесто кое не се лепи. јас го месев во ванглата, ама можете и на маса посипана со брашно.
покријте го тестото со чиста крпа и оставете го да нарасне околу час и половина до два.

за тоа време измијте го грозјето, одвојте го од гранчињата и оставете го да се исуши.

земете 2/3 од тестото и развлечете го во тавче со димензии 35 x 25 cm (отприлика толкаво или поголемо) врз хартија за печење, со сукало или со раце намачкани со масло. јас не користев хартија затоа што со ова тавче нема потреба. намачкајте ја хартијата или тавчето со малку масло.

ставете 2/3 од зрната грозје врз тестото и посипете ги со 2 лажици шеќер.

останатата 1/3 тесто развлечете ја врз пластична фолија (или врз хартија за печење), малку помала од долното тесто, префрлете ја врз грозјето па преклопете ја ивицата од долното тесто врз неа и притиснете малку.

намачкајте го горното тесто со малку масло, наредете ги останатите зрна грозје и посипете ги со останатите 2 лажици шеќер. (нашата фокача беше прилично блага со целиот тој шеќер, па ако не сакате многу благо, намалете ја количината шеќер).

печете ја фокачата во загреана рерна на 200°C околу 30 минути или додека не се зарумени убаво. 


we had a lot of grapes at home these days, there was no way we could eat all of eat before it goes bad so i tried to find a recipe to use it up. this focaccia from here and here seemed like a perfect recipe for that and a good opportunity to use our big delimano pan that we received as a gift from top shop.


1/2 kg grapes (or a little more, preferably with not too big seeds)
400 gr flour
7 tablespoons sugar
1 package (7 g) dry yeast (or 25 g fresh)
extra virgin olive oil or sunflower oil
a pinch of salt
about 300 ml lukewarm water

dissolve the yeast in a cup of lukewarm water. sift the flour into a mixing bowl, add 3 tablespoons sugar, a pinch of salt and the yeast dissolved in water. start working the dough either by hand or with a stand mixer, adding enough water to get smoth, soft, and elastic, but not sticky dough.
cover the dough and let it rise for an hour and a half.

wash and dry the grapes.

take 2/3 of the dough and roll it out thin in a 35 x 25 cm pan (or similar or a little bigger) on a piece of baking paper greased with a little olive oil using a rolling pin or pressing it with your oiled hands. i didn't use baking paper because this pan doesn't need any.

place 2/3 of the grapes on the dough and sprinkle with 2 tablespoons of sugar.

roll out the remaining dough and cover the bottom sheet with the grapes on it. lift the edges of the bottom sheet over the upper one and press lightly to join them.

brush the surface with oil, place the remaining grapes on top and sprinkle with the remaining 2 tablespoons of sugar.

bake the focaccia in an oven preheated to 200°C for about 30 minutes or until the focaccia is nicely golden.



Share/Bookmark

4 comments:

Vera said...

ova vredi da se proba!! mozda utre ;)

Anonymous said...

A bogami drenka slazem se;))

JA U KUHINJI... said...

Predivno izgleda i nadam se da vam se svidela :)

Natasha - Style Du Jour said...

Ova izlgeda fantasticnooo, mora bogami da se proba:)