Tuesday, March 17, 2009

Колачи со ореви







300 гр брашно
1 лажиче прашок за пециво
100 гр мелени ореви или 100 гр пченични никулци
125 гр шеќер
1 кесичка ванилин шеќер
200 гр омекнат маргарин или путер
1 жолчка

Брашното се меша со прашокот за пециво, па со останатите состојки. Добиеното тесто се остава да стои еден саат, а потоа се развлекува на побрашнета површина до дебелина од околу 3 mm, се сечат колачи во разни форми и се печат на мрсна хартија или на фолија околу 9 min. на 180°C. Излегуваат околу 100 колачи. Овие на сликата се правени со пченични никулци наместо ореви + малку млеко, затоа што никулците го прават тестото посуво.
Share/Bookmark

No comments: