поедноставно не може да биде: прво се пржи кромид, се додава пиперка, пак се пржи малку, па се става патлиџан и сето тоа уште се пржи додека не испари водата од патлиџанот. на крај се става сол и бибер. убаво е и топло и ладно.
Friday, May 29, 2009
Tuesday, May 26, 2009
Чили со леќа
200 гр леќа
1 кромид
5 чешниња лукче
пола тиквица
1 лажиче мелен кимин, што е различно од ким
1 лажиче лут црвен пипер
1 лута пиперка
пола конзерва цели лупени патлиџани
или еден свеж патлиџан
свеж магдонос или коријандер
сол, бибер
две лажици маслиново масло
леќата се вари во тенџере со вода, додека не омекне. во друго тенџере се пропржува кромидот на загреано маслоново масло, се додаваат кимот и црвениот пипер, тиквицата, пиперката и патлиџаните и сето тоа се остава да се испржи неколку минути. потоа се додава лукчето, леќата со малку од водата во која се варела, сол и бибер и сето тоа се вари уште малку за да се згусне. на крајот, откако ќе се тргне тенџерето од шпорет, се става сецканиот магдонос или коријандер. се јаде веднаш и бааги е луто.
Чили со леќа
Saturday, May 23, 2009
Кајгана со коприви
3-4 јајца
еден врзоп коприви
лажица-две урда
сол, бибер
копривите нема да журкаат ако ги потопите во вода што врие пола минута. потоа исцедете ги, исчистете ги и додајте ги во измутените јајца со урдата и малку сол и бибер. загрејте зејтин во тавче, истурете ги јајцата со коприви и оставете на средно, да се испржи од едната страна, па превртете ја кајганата да се испржи и од другата страна.
Кајгана со коприви
Wednesday, May 20, 2009
Полнети печурки
извадете им ги дршките на печурките, можете да ги употребите во рецептот со јајцата на око, како што направив јас, или во некој друг рецепт. во тавчето истурете малку маслиново масло и секоја печурка прво измачкајте ја со маслиново масло од долната страна, т.е. страната со дупче, па наредете ја во тавчето свртена со дупчето нагоре.
смесата за полнење се прави од ситно сецкани одмрзнати стапчиња краба, мајонез, сол, бибер, оригано или копар.
во секоја печурка сипете малку каџун зачин, па по лажиче или две од смесата и одозгоре ставете парче кашкавал.
печурките се печат на 250°C околу 15 минути.
наместо краба можете да ставите димено пилешко бело месо.
Полнети печурки
Sunday, May 17, 2009
Јајца на око со сланина, компири, пиперки и кромид
изненадувачки вкусни јајца на око. количините - од око.
прво во малку зејтин се пржи еден компир исечен на коцки од 1 cm. кога е скоро готов, се става сецкан кромид, па сланина, исто на коцки, па пиперка, печурки и тиквичка, сите сецкани на отприлика иста големина. сето тоа се пржи, па се става сол и копар. јас немав копар, па ставив власец (дробњак). се прават вдлабнатини во кои се кршат јајцата. се остава на тивко со капак 5-7 минути, додека не се испржат јајцата. потоа се трга од шпорет и се посипува со рендан кашкавал. и се јаде.
оригиналниот рецепт е со компири, кромид, пиперка и кобасица. а и со виршла е многу вкусно.
прво во малку зејтин се пржи еден компир исечен на коцки од 1 cm. кога е скоро готов, се става сецкан кромид, па сланина, исто на коцки, па пиперка, печурки и тиквичка, сите сецкани на отприлика иста големина. сето тоа се пржи, па се става сол и копар. јас немав копар, па ставив власец (дробњак). се прават вдлабнатини во кои се кршат јајцата. се остава на тивко со капак 5-7 минути, додека не се испржат јајцата. потоа се трга од шпорет и се посипува со рендан кашкавал. и се јаде.
оригиналниот рецепт е со компири, кромид, пиперка и кобасица. а и со виршла е многу вкусно.
Јајца на око со сланина, компири, пиперки и кромид
Tuesday, May 5, 2009
Торта од лимони
за горниот слој тесто:
1 и пол шоља брашно
3/4 шоља кафеав шеќер
3/4 шоља (170 гр) ладен путер
за тортата:
6 лимони, од кои 1 е за глазурата, а од 5 се ренда кората и се сечат на многу тенки кругови
2 шољи брашно
1 лажиче прашок за пециво
1 лажиче сода бикарбона
1/2 шоља (115 гр) путер на собна температура
1 шоља шеќер
2 јајца
1 ванилин шеќер
1 павлака
за глазура:
1 шоља шеќер во прав, измешан со
3-4 лажици сок од оној лимон
прво се прави горниот слој. се мешаат состојките со вилушка, па со рака да се добијат зрнца и топчиња. мене можда повеќе зрнца ми излегоа од топчиња, ама добро. тоа се остава во фрижидер и таму може да стои и 3 дена.
исечените клугчиња лимон се варат 1 min, се цедат и се редат на хартија за печење.
брашното, прашокот за пециво, содабикарбоната, путерот, шеќерот, кората од лимоните, јајцата, ванилата и павлаката се мешаат со миксер.
пола од тестото се сипува во округло тавче со пречник од 22 cm, па се редат пола од лимоните, па останатото тесто, па останатите лимони, па оној дел што го стаивме у фрижидер.
се пече на 185°C околу 55 min.
кога ќе се олади, се прави глазурата, се истура врз колачето, за неколку минути се стврднува и може да се јаде.
Торта од лимони
Subscribe to:
Posts (Atom)