Tuesday, May 26, 2009

Чили со леќа


200 гр леќа
1 кромид
5 чешниња лукче
пола тиквица
1 лажиче мелен кимин, што е различно од ким
1 лажиче лут црвен пипер
1 лута пиперка
пола конзерва цели лупени патлиџани
или еден свеж патлиџан
свеж магдонос или коријандер
сол, бибер
две лажици маслиново масло

леќата се вари во тенџере со вода, додека не омекне. во друго тенџере се пропржува кромидот на загреано маслоново масло, се додаваат кимот и црвениот пипер, тиквицата, пиперката и патлиџаните и сето тоа се остава да се испржи неколку минути. потоа се додава лукчето, леќата со малку од водата во која се варела, сол и бибер и сето тоа се вари уште малку за да се згусне. на крајот, откако ќе се тргне тенџерето од шпорет, се става сецканиот магдонос или коријандер. се јаде веднаш и бааги е луто.
Share/Bookmark

4 comments:

Divna said...

Многу вкусен ручек во комбинација со р`жен леб и македонска салата :)

Anonymous said...

Прашање од готвач почетник :)
Колку време треба да се вари леќата? Немам варено никогаш и немам претстава. Фала

bojana said...

пааа, зависи од леќата, околу 20 минути, пола саат. најдобро е да се проба од време на време дали е сварена. на црвената леќа и треба многу помалку време.

Fidanka said...

Супер е рецептот, јас тиквичките ги заменив со свежи шампињони и одлично излезе, дури ми фали малку повеќе луто :)