Wednesday, June 10, 2009
Крем супа од тиквици
1 средна накај поголема тиквица или 2 помали
1 поголем компир или 2 помали
1 кромид
1-2 лукчиња
малку хопла (слатка павлака) без шеќер
пропржете го малку кромидот, па додајте ја тиквицата излупена и исечена на парчиња, малку да се испржи, па компирот, 2 шољи вода и сол или вегета. сето тоа се вари додека не омекнат компирите. потоа ставете го лукчето, исецкано и изблендирајте ја супата. пред послужувањето сипете малку хопла.
2 comments:
Ја обожавам оваа крем супа. Многу ми е лесна а сепак најадува. Истово може да се направи и со грашок, или зрела портокалова тиква, но најмногу ја сакам вака - со тиквици, единствено лукот го изоставувам од рецептот :)
ммм, со грашок тек треба да ја пробам. и мене ми е оваа поубава од онаа од тиква. а може да се направи и од моркови или да се измешаат повеќе зеленчуци.
Post a Comment