Wednesday, November 4, 2009

Cheesecake


scroll down for english recipe
 
рецептов ми е од маја:

за тестото:
200 gr бисквити, истолчени (јас изгледа ставив малку повеќе, или сум штедела на путер, па тестото малку се ронеше)
3 лажици кафеав шеќер
1 лажица цимет
5 лажици стопен путер

ова сето измешајте го и притиснете го на дното на тавче со пречник од 28 cm, и испечете го празно околу 6-7 минути во рерна загреана на 170°C.

потоа изматете...


... и сипете го врз тестото. повторно ставете го чизкејкот да се пече на 170°C, 40-60 минути. кога е готово во средината треба да е полуцврсто. почекајте малку да се олади па ставете го во фрижидер да отстои неколку саати пред да загњурите со лажичката во него. се јаде со слатко или со свежо овошје (или и со двете, како нас, слатко од капини кое го правеше баба ми, и свежи, добро, замрзнати, па одмрзнати капини).



for the crust:
200 gr graham cracker crums
3 tbs brown sugar
1 tbs cinnamon
5 tbs melted butter

mix everything, press on the bottom of 28 cm pan and blind bake for 6-7 minutes on 170°C.

then mix...
                        
... and pour over the crust. bake at 170°C, 40-60 minutes. it should be half firm when done. leave to cool slightly and then let stand in the fridge before eating. it's delicius with fresh fruit or fruit preserves.

Share/Bookmark

16 comments:

Maja said...

mmmmmm, izgleda prekrasno.
Maja

Т. said...

Долго време барав правелен рецепт. Ќе го правам :)

Ana said...

Vkusno, povkusno, najvkusno!
Samo shto go probav prvoto parce od mojata prva Cheesecake napravena po vashiot recept! Kako za prv pat mislam deka ispadna dobro... Sledniot pat ushte podobro!!! Kako i da e vkusot e odlicen...
So vas gotvenjeto e taka lesno i vkusno :)
Fala vi mnogu Bojana i Maja

bojana said...

mnogu ni e drago, ana, koga nekoj kje ni kazhe deka probal neshto od nashite recepti i mu se dopadnalo.

Anonymous said...

Mmmmmm utre vednash go pravam....samo ne mi e jasno (ne mi zameruvajte na prashanjevo, ushte sum prilichno nova vo gotvenje) dali otkako kje se izvadi od rerna vednash se stava vo frizider ili se cheka da se izladi?

bojana said...

ne, ne vednash. sega kje go dodadam toa vo receptot. otkako kje se izladi desetina minuti.

ana said...

ova ke go probam vo najskoro vreme, izgleda dosta vkusno :)
samo dali imate da mi preporacate od kade da kupam tavche koe ke bide prigodno za vakov tip kolachi? :)

bojana said...

ана, јас го правам чизкејкот во обично округло тавче со пречник од 28 cm, а сестра ми во тавче од 22 cm, со оквир што се вади. мислам дека низ скопје веќе има такви тавчиња по продавниците, сум видела во веро или во продавници за садови и тенџериња.

Anonymous said...

zosto ima hopla vo cheesecake-ot???

bojana said...

овој рецепт јас и маја го правиме веќе десетина години. во филот треба да има слатка павлака, која порано ја немаше кај нас, па користевме хопла. инаку, може да се стави слатка павлака од megle или dukat, сега ги има во нашите продавници.
има разни рецепти за чизкејк, некои се само со кремсир, некои немаат кисела павлака. нас овој ни се допаѓа и стана редовен во нашето готвење, ама се надевам наскоро ќе испробаме некој нов и интересен.

Anonymous said...

Mislam deka hoplata ne dozvoluva cheescak-ot da ja dobie potrebnata gustina, i se lepi i rastura pri secenje.
Inace vkusot e super.

bojana said...

не сум приметила. ако е добро испечен и отстоен во фрижидер, лесно се сече.

Anonymous said...

ispecen i otstoen kako sto treba

Irena said...

Ја направив. Превкусноооо ! И само да се следи рецептот и нема грешка !
Фала ви !

Anonymous said...

Здраво
Јас сум почетник во готвењето така што можеби прашањето ќе биде глупаво.
Под 1 чаша хопла се мисли на неизматена хопла?
Може да се користи кисела павлака?
Каде и како да најдам кремсир?

bojana said...

да, 1 чаша неизматена хопла или слатка павлака. покрај тоа, во рецептот има и една кисела павлака.
а кремсир има скоро во секоја продавница, ние најчесто го користиме ducatela или abc.