Tuesday, November 24, 2009

Јајца пржени во презли & мрзлив десерт

Аааах викенд утро.... има ли нешто поубаво од тоа. Во Димитрова/Феликс-Џорџ кујната во Холандија, викенд утрата вообичаено значат пржени јајца. Ако сакате пржени јајца, ама ви е здосадено од обичните рецепти, еве ви идеја за следнава сабота: јајца пржени во презли. (инспирацијата за јајцата е тука)
Дури не ви e потребен ни рецепт. Земете 1-2 парчиња леб, стар ден-два. За 5 јајца јас искористив 2 крајни парчиња. Искинете ги на помали парченца и ставете ги во блендер за да направите свежи презли.

Свежите презли ставетe ги во чинија, посолете ги убаво, додајте малку оригано, и потоа полијте ги со 2-3 лажици маслиново масло. Загрејте едно големо тавче, и истурете ги презлите во него. На ниска температура, пржете ги презлите 3-4 минути, со мешање, додека не се заруменат.

Рецептов не сум го пробала со веќе направени суви презли, но вие може да пробате и со такви. Само прескокнете го чекорот со пржење на презлите. Тие веќе ќе бидат доволно заруменети, и одете директно на следниот чекор со јајцата.


Додајте уште лажица или 2 масло во тавчето, искршете ги јајцата врз презлите и оставете ги полека, на тивок оган да се испржат. Ако имате капак за тавчето, покријте ги. Ако не сакате течни жолчки, можете и да ги превртите за да се допржат. Ние ги оставивме околу 5 минути, доволно за белката да биде зготвена а жолчката да остане течна и неверојатно вкусна.

Посолете ги јајцата со сол и бибер и уживајте !

Here is the recipe in English:
The inspiration for the eggs came from here.
In a small blender or food processor, buzz 1-2 slices day-old bread to make fresh breadcrumbs. I used 2 end slices for 5 eggs. Pour the fresh breadcrumbs in a plate and saturate with 2-3 tablespoons olive oil. Season them with salt and black pepper and add a pinch of oregano. Pour them in a larg frying pan and fry for 3-4 min on low, until they brown. Stir them around so they brown evenly. Add another 1-2 tablespoons olive oil over the crumbs. Break the eggs directly over the breacrumbs and fry until desired doneness. We like the yolks runny. You can even flip the eggs and fry on the other side if you wish.
I have not tried this recipe with dry already made breadcrumbs but I gues you can make the recipe with that substitute. Enjoy !

А, ако јајца не ви се доволно за целосно уживање, еве го наједноставниот мрзлив рецепт на светот. Обично замрзнато лиснато тесто (во Скопје го има во Веро маркетите), покриено со тенки парчиња јаболко, кои претходно се измешани со 3 лажици шеќер и пола мало лажиче цимет. Испечете ги во загрена рерна на 200 степени, околу 25 - 30 минути.

Easiest dessert ever. Put frozen puff pastry squares on a baking pan covered with baking paper. Peel and slice an apple or 2, mix with 3-4 tablespoons sugar and half a teaspoon of cinammon. Arrange over the puff pastry and bake for 25-30 minutes at 200 C preheated oven.

Share/Bookmark

3 comments:

Unknown said...

Мммм ќе го пробам ова и ќе пријавам како ми испаднало!

Abgt_13 said...

Excuse me, could you please translate this recipe into English? it looks so tasty, but I have had time trying to understand all the ingredients. Thank you!

Maja said...

Dear Ekaterina,
both recipes are now available in English ! Glad to hear you were interested !
Maja