Ние во холандскиот штаб на Ситно Сецкано многу сакаме да јадеме кременадли, кобасици, ќофтиња, и разни други вкусни нешта, ама повремено се трудиме да јадеме и понешто здраво, за да можат фамерките сеуште да не соберат....
Ова е едно од тие поздрави рецепти (а истовремено и посен рецепт). Идејата ја добив од тука. Ова фрапе воопшто нема вкус на спанаќ и после него ќе се чувствувате освежени и препородени. Јас го пијам наместо појадок, а понекогаш наместо вечера. Иако оргиналното име на фрапево на англиски е Зелено чудовиште, јас решив да го наречам Зелено чудо, поради сите здрави и добри нешта во него.
1 банана
3-4 шаки свеж измиен спанаќ
пола чаша ладно соино млеко (или обично) - може да додате и цела чаша, ама пола е демек подиетално
1 лажица ленено семе
пола лажиче путер од кикирики (или 2-3 оревчиња или бадеми)
Изблендирајте ги сите состојки во блендер, или како јас, изблендирајте ги во бокал со мал рачен блендер дур не добиетe фрапе без грутки. Ако фрапето е многу густо, додајте 2 -4 лажици вода.
At the Dutch HQ of Sitno Seckano, we love eating porkchops, meatballs, sausages and other tasty things, but from time to time we also try to eat something green and healthy. I got the idea here. This delicious sweet smoothie does not taste like spinach one bit. And it's vegan ! I drink it in place of breakfast and sometimes in place of dinner.
1 banana
3 -4 handfulls washed fresh spinach
half cup soy milk (or regular) - or you can put in up to a cup of soy or regular milk - but then it has more calories
1 tablespoon flax seeds
half teaspoon peanut butter (or 2-3 walnuts or almonds)
Blend everything until smooth, add couple of tablespoons water if too thick. Enjoy and feel healthy !
1 comment:
еј, го напраив ова, само стаив мед место путер од кикирики. супер е, ич не се осеќа вкусот на спанаќот. и мартин го бендиса.
Post a Comment