Wednesday, June 30, 2010

Домашно крцкаво мусли ...... Homemade Granola


scroll down for the recipe in English

Ова е прекрасен и лесен рецепт за крцкаво мусли. Понекогаш е супер што во нашите супермаркети има се повеќе нови производи - посебно здрава храна. Ама некогаш е многу полесно, поефтино, повкусно и поздраво да си направите нешто сами дома. Така и ова крцкаво мусли - гранола. Гранолава ќе ви трае месец - два во чиста тегла на собна температура (дури и во лето) - ама толку е вкусна што најверојатно ќе ја изедете пред тоа. Еве што ќе ви треба:


2 чаши овесни снегулки (ги има во сите супермаркети; употребете чаша од 250 мл. за мерење на состојките)
1 чаша непечени бадеми, грубо исецкани (или лешници, ореви ...)
1/2 чаша кокос
2 лажици мед
2 лажици зејтин (ама не маслиново масло)
6 лажици сок од јаболко
пола пакетче ванилин шеќер
1 шака суво грозје или сува брусница
1 лажица семки од тиква
1 лажица семки од сончоглед
1 лажица ленено семе

(семките од тиква и сончоглед и лененото семе не се неопходни, ако ги немате, слободно изоставете ги)




Во поголема посуда измешајте ги сите суви состојки. Теглата мед ставете ја во посуда со жешка вода за медот да стане потечен (ова ќе ви помогне да ја измешате смесата полесно, медот ќе се врати во нормална состојба кога ќе се олади). Додадете ги останатите состојки и измешајте убаво. Смесата ќе биде влажна ама не течна. Загрејте ја рерната на 150 С степени. Со хартиена салветка намачкајте малку зејтин во метално тавче и во тавчето истурете ја смесата. Слојот треба да биде околу сантиметар и пол или два. Ако е подебел гранолата нема да биде крцкава, ако е многу тенок може да изгори. Печете ја гранолата околу 25 минути, ама на неколку пати со лажица измешајте ја смесата додека се пече. Гранолата е готова кога ќе зарумени. Бадемите лесно горат па бидете внимателни да не ја препечете. Извадете ја од рерна и истурете ја на голем послужавник да се излади сосема пред да ја ставите во тегла или кутија. Јадете ја со овошен јогурт, со кисело млеко и јогурт, додајте ја на варени овесни снегулки за малку крцкавост и уживајте !

вака изгледа гранолата пред да се пече. Мојата рерна е многу мала па морав да ја печам на два пати / this is what the granola looks like before baking


Homemade crunchy granola

This is a fantastic recipe for a delicious granola you can eat in oats, with fruit yogurt or just as a snack.

2 cups rolled oats
1 cup roughly chopped almonds (or walnuts or hazelnuts)
1/2 cup unsweetened coconut
2 tablespoons honey (warm the jar a bit to make the honey more liquid)
2 tablespoons vegetable or canola oil
a bit of vanilla
6 tablespoons apple juice
a handful raisins or dry cranberries
Optional: 1 tablespoon each of pumpkin, sunflower and flax seeds



In a large bowl mix all of the dry ingredients. Add all of the wet ingredients and mix well. Spray a metal baking pan with a bit of oil and spread the granola mix on it. The layer of granola cannot be too thick or it will steam rather than crunch up. Bake in a preheated oven at 300 F degrees for about 25 min. Mix the granola couple of times while baking to avoid burning. Once baked, transfer to a large tray or another pan to cool completely before storing in a clean jar or plastic container at room temprature. It will be good for a month or two, but I bet it won't last that long once you taste it. Enjoy with fruit yogurt, milk or sprinkled on oatmeal !

Share/Bookmark

2 comments:

bojana said...

супер изгледа, ќе напраам и ја

Anonymous said...

Здрастуйте, всі, я Адрік Вадим, який проживає в місті Курган, я хочу поділитися з вами всіма про те, як містер Бенджамін допоможе мені отримати кредит у розмірі 15 000 000,00 рублів, щоб почати свою доставку харчових напоїв після того, як я працюю Кілька готелів тут, в Кургані, просто щоб заробити на життя, але нещасливі, у мене все ще виникали труднощі з оплатою оренди, але я дякую Богу, що зараз я працюю самостійно, 5 працівників працюють на моїй опіці. Якщо ви шукаєте фінансову свободу, я радимо вам зв’язатися з паном Бенджаміном з цим електронним листом нижче та номером додатка. lfdsloans@outlook.com + 1-989-394-3740