scroll down for the recipe in English
На пазар видов китки нане и решив да ги купам и да направам салата со нив. Табуле е салата од блискиот исток, со потекло од Либан, ама дел од состојките се работи што во Македонија се јадат секојдневно: домати, краставици, кромидче. Освен свеж зеленчук ќе ви треба и бунгур. Бунгур се прави од пченица, лесно се готви и е многу здрав. Во Скопје бунгур има во Рамстор. Салатава е одлична за во лето, неверојатно е свежа, добро стои во фрижидер ден-два и вкусна е сама на чинија или заедно со пилешко или други мевца, или во комбинација со средно-источни мезиња како хумус, пита лепчиња и фелафел.
Kоличината на состојки е флексибилна, салата ќе биде прекрасна и со помалку и со повеќе домати или краставица. Најважно е да не претерате со нането.
за 4 лица
пола чаша бунгур (не зготвен)
3-4 домати, средна величина (или 2 големи)
3-4 домати, средна величина (или 2 големи)
1 мала краставица
2-3 млади кромидчиња
сок од 1 лимон
2-3 лажици маслиново масло
1 китка магдонос
1/4 или 1/2 китка свежо нане
сол, бибер
вака изгледа омекнатиот бунгур по околу 2 часа
Ставете го сувиот бунгур во посуда, полијте го со 1 и пол чаша жешка вода и оставете го 2-3 часа да ја впие водата и да омекне. (сепак прочитајте го упатството за готвење на пакувањето на вашиот бунгур, во случај да се разликува начинот на подготвување). Бунгурот кој јас го користев омекна за околу 2 часа. Бунгурот доста ќе нарасне.
Во меѓувреме исецкајте ги доматите и краставицата на коцки (не на ливчиња), слично како за шопска салата. Исецкајте го ситно младото кромидче. Исчистете ги ливчињата магдонос и нане, и нив исецкајте ги.
Измешајте го бунгурот со зеленчукот, и додајте пола од магдоносот и нането. Истурете го врз нив сокот од лимон и маслото и ставете сол и бибер. Пробајте ја салатата. Бидејќи магдоносот и нането можат да бидат со премногу јак вкус, додавајте малку по малку дур не добиете добар вкус. Ако е потребно додајте и повеќе сол или лимон, по вкус.
Оставете ја салатата да постои 5 минути и потоа јадете ! Уживајте !
When I saw fresh mint at the market, I decided to buy some and make a salad with it. Tabbouleh is a gorgeous middle eastern salad, incredibly refreshing and perfect for summer. The amounts are just guidelines, you can use less or more of any of them, as long as you are carefull with the mint. Too much mint is no good. Enjoy !
for 4 persons
1/2 cup bulgur
3-4 medium tomatoes
1 smallish cucumber
2-3 spring onions
a bunch of parsley
1/4 bunch of mint
juice of one lemon
2-3 tablespoons olive oil
salt, black pepper
Soak the bulgur in a bowl in 1 1/2 cup hot water for about 2-3 hours. Mine took about that long. Chop the tomatoes and cucumber in cubes, and thinly slice the spring onions. Clean and chop the fresh herbs. Mix the bulgur with vegetables, then add about half of the herbs, add the juice of lemon and olive oil and season with salt and black pepper. Taste the salad. Add more herbs to taste or adjust the seasoning and acidity. Leave for 5 minutes to let the flavours blend, then serve with any meat or other middle-eastern delicious mezze like felafel, hummus and pita.
The salad will last for a day or two in the fridge and still be delicious.
3 comments:
mmmm, dobro izgleda
Vo nedostatok na bungur, ekperimentirav so tarana. Rezultatot beshe mnogu vkusen :)
Lele kolku mnogu sakam tarana !! Odlicna ideja ! Fala Daniela !
Post a Comment