Едно од моите омилени пролетни зеленчуци е аспарагусот. Овие стапчиња аспарагус беа толку млади и свежи што сакав да ги зготвам на наједноставниот можен начин, а сепак да му дозволам на прекрасниот пролетен вкус да дојде до израз. Ги зготвив на пареа. Како и останатите наши рецепти на пареа кои се совршени за подготвување во Electrolux рерна, и овој рецепт е лесен, едноставен и супер вкусен. Всушност денеска, за вас имам 2 рецепта на пареа. Аспарагусот го јадевме со холандез сос, исто така готвен на пареа. Готвењето на пареа го прави јадењево не само поздраво и повкусно, туку и поубаво. Аспарагусот ја задржува својата јака зелена боја а сосот е совршено мазен.
за 4 лица:
~ 800 гр. свеж зелен аспарагус (во Скопје има во Рамстор, а можеби и на други места)
за сосот:
1/2 пакување путер (120 гр.) - стопен
1 лажиче сок од лимон
4 лажици жешка вода
3 жолчки
сол и бибер
За да го зготвите аспарагусот, ставете вода во поголемо тенџере и оставете ја тивко да врие. Измијте го аспарагусот и отсечете го тврдиот дел на крајот на стапчињата. Ставете го во цедалка или во мрежа за варење на пареа. Јас го ставив во цедалка, која ја ставив врз тенџерето со вода и ги покрив со капак. Аспарагусот беше готов за околу 15 минути варење. Не гответе го предолго, инаку ќе стане премногу мек.
За сосот ќе ви треба истото тенџере со вода која тивко врие. Во помало тенџере кое може да се смести во поголемото, ставете ги жолчките и веднаш почнете да ги матите со маталка. Водата во поголемото тенџере не смее да врие премногу силно, ниту помалото тенџере да ја допира водата. Матете ги жолчките 2-3 мин. дур не почнат да се згуснуваат. Додавајте една по една лажица жешка вода и продолжете да матите за да се згуснат жолчките. Додајте го сокот од лимон, и полека почнете да го додавате стопениот путер, малку по малку, додека матите цело време. Сосот ќе се згусне многу повеќе кога ќе го тргнете од оган, па затоа, ставете го настрана уште кога ќе изгледа доста течен. На крај додајте сол и бибер. Сосов е исклучително вкус и освен со аспарагус може да го јадете со други зеленчуци, со поширани јајца, со лосос, со бифтек ....
еве како изгледа мојот сос на пареа
I have 2 steamed recipes for you today: steamed asparagus and hollandaise sauce. Like our other steam cooked recipes, this one is also perfect for the Electrolux steam oven. Asparagus is one of my favorite spring vegetables and I wanted to cook it simply to let the taste shine through. This turned out great !
Ставете неколку стапчиња на чинија, и на средина полијте го сосот.
Освен само со сос, аспарагусот може да го јадете и на парче тостирано лепче со путер, и врз него пржено јајце на око, на крајот полиено со холандез сос. Мммммм......
I have 2 steamed recipes for you today: steamed asparagus and hollandaise sauce. Like our other steam cooked recipes, this one is also perfect for the Electrolux steam oven. Asparagus is one of my favorite spring vegetables and I wanted to cook it simply to let the taste shine through. This turned out great !
for 4 persons:
~ 800 gr. green asparagus
for the sauce:
1 stick butter (1/2 cup or ~ 120 gr.) - melted and kept warm
3 yolks
3 yolks
4 tablespoons hot water
1 teaspoon lemon juice
salt and black pepper
Wash and cut off the hard bottom parts of the asparagus. Put in a steaming basket and steam for around 15 min. til still brightly green and gently soft. To make the sauce: Bring water to a gentle boil in a large pot. In a smaller pot that fits over the larger one, put the yolks and start whisking right away. The water below shoul not be boiling rapidly and the smaller pot should not touch the boiling water. Whisk for 2-3 minutes then add the hot water one by one tablespoon, whisking constantly and allowing to thicken between spoonfuls. Add the lemon juice and whisk, then add the melted warm butter in a slow little stream while still whisking. Remove the sauce from the heat while it is still a bit liquidy since it will thicken a lot more when it cools a bit. Season with salt and black pepper. Serve the asparagus with a bit of sauce or eat it on a piece of toasted bread with butter, asparagus, a fried egg and sauce on top. MMmmmmmmm......
1 comment:
super e postov, od slikite stanav mnogu gladna. a odamna sakam da kupam asparagus, ama ne znam toj vo ramstor dali e mlad, star, ubav... kje treba da probam.
Post a Comment