Saturday, July 31, 2010

Колачи со урми / Date cakes


инспирација за колачиве од тука.

еве едни здрави и вкусни колачи кои лесно се прават, ама не можете да ги јадете без да се измачкате со чоколадо, што, секако, е дел од уживањето.

една шака урми, исецкани на коцкички
1 кесичка прашок за пециво
140 gr брашно
30 gr кафеав шеќер
1 лажица маџун (гроздов шеќер)
1 јајце
30 gr омекнат путер
140 ml топла вода

за чоколадниот прелив:
40 gr путер
40 gr шеќер
40 gr чоколадо
70 ml хопла


помешајте ги сите состојки за колачите, смесата сипете ја во 12 чашки за мафини и испечете ги колачите околу 15 минути во рерна загреана на 200°C.

за преливот, стопете ги сите состојки за преливот на тивок оган, со постојано мешање, оставете преливот малку да се олади, па сипете го преку колачите.


inspiration from here.

these are healthy and tasty cupcakes, very easy to make, but you can't eat them without getting chocolate on your nose, which is part of the pleasure, anyway.

a handfull of chopped dates
1 sachet baking powder
140g plain flour
30g muscovado sugar
1 tablespoon grape molasses
1 egg
30g melted butter
140ml hot water

for the chocolate topping:
40g butter
40g caster sugar
40g plain chocolate
70ml double cream



mix all the ingredients for the cupcakes. divide the mixture between 12 cupcake papers and bake around 15 minutes at 200°C.

melt all the chocolate topping ingredients in a saucepan. remove from the heat and let the sauce cool until it thickens. then pour on top of each cupcake.
Share/Bookmark

Thursday, July 22, 2010

Пржени лепчиња со тиквици и печурки / French toast with zuccini and mushrooms

ова е нешто што го смислив еден ден кога ми се јадеа пржени лепчиња, ама сакав да бидат посебни.

исечете го лебот на кришки, а тиквиците и свежи печурки на ливчиња (не мора многу тенки, 2-3mm). во длабок тањир изматете едно јајце со 1-2 лажици вода и малку сол. потопете ги кришките леб во јајцето од едната страна, на другата страна наредете тиквици или печурки, или и двете, полека превртете го лепчето и потопете ја во јајцето и таа страна, па ставете ги да се пржат во загреан зејтин. за превртување и пренесување од јајцето до тавчето може добро да послужи широка рамна решеткаста лажица.


this is something i came up with one day when i wanted to make french toast, but i wanted it to be different.

slice the bread, the zuccini and the fresh mushrooms. whisk an egg in a deep dish with 1-2 tablespoons water and a pinch of salt. dip one side of the bread in the egg, arrange ziccini or mushrooms on the other side of the bread, then using a turner flip the bread slice and dip in the egg again. fry the slices in heated oil on both sides.
Share/Bookmark

Monday, July 19, 2010

Готвачот оди кај... / The cookbook goes to...

со помош на random.org го избравме кирев за добитник на electrolux готвачот со рецепти на пареа. честитаме, кирев, и пиши ни ја адресата за да ти го испратиме.
Share/Bookmark

Sunday, July 18, 2010

Американски блондиес ........... Blondies



Мммм, американски рецепти за десерти ... мислам дека знаете дека ми се омилени. А знам дека сте чуле, јаделе и печеле брауниес (brownies). Меки, чоколадни, дивни ... Ама пред неколку месеци го открив рецептов за блондиес (blondies) од сајтот на smitten kitchen. Слични на брауниес, но без какао или чоколадо (освен како додаток). А бидејќи и јас и Бојана сме плавуши, решив да ги испечам и да споделам со вас рецептот. (за жал преводот на колачиве на македонски не звучи баш примамливо, па го напишав како што се изговара на англиски).

Овие блондиес се прекрасни. Меки во средината, а малку крцкави на рабовите, тестото се меша во една посуда, брзо се пече и обавезно воодушевува и гости и домашни. Освен тоа, можете да додадете било каков вкус. Јас ставив лешници и парченца чоколадо и цимет, а други варијанти се ореви, бадеми, суви вишни (ова мора да го пробам), виски, рум, инстант кафе итн.


Блондиес (земете чаша/шоља од 250 мл. и користете ја за мерење на состојките)
пола пакување путер (125 гр.)
1 шоља шеќер (кафеав ако имате, ако не - бел)
2 јајца
пола пакетче ванилин шеќер
едно ронче сол
1 шоља брашно
+
1 шоља исецкано чоколадо
пола или цела шоља лешници
1/4 лажиче цимет
Стопете го путерот. Во голема посуда измешајте го путерот со шеќерот па додајте ги јајцата, ванилата, солта, циметот и на крај брашното. Измешајте убаво. Тестото ќе биде доста лепливо. Додајте ги чоколадото и лешниците.
Со зејтин намачкајте помало тавче (моето беше округло ~ 24cm.), ама правоаголно е најубаво за да може да се исече колачево на коцки. Загрејте ја рерната на 200 Ц степени. Истурете го тестото во тавчето и печете ги блондиес околу 20 мин. Многу е важно да не ги препечете. Мора да го извадите тавчето пред тестото да биде сосема суво и испечено, бидејќи кога ќе се оладат ќе бидат доста посуви. Најдобро е да не ги печете повеќе од 20 - 25 минути. Кога ќе бидат готови, оставете ги да се оладат во тавчете и потоа исечете ги на парчиња.
Рецептов можете многу лесно да го дуплирате, бидејќи со оваа доза ќе добиете доволно колачи за ~ 4 луѓе. Тогаш печете го поголемо тавче и пазете да не го препечете. Уживајте !

Made these fantastic blondies by a recipe from smitten kitchen. They are divine and so easy to make:
8 tablespoons butter, melted (~ 125 gr.)
1 cup brown sugar
2 eggs
1 teaspoon vanilla
pinch of salt
1 cup all-purpose flour
1 cup chocolate chips
1/2 or 1 cup hazelnuts
a pinch of cinnamon
Mix melted butter with sugar, beat in egg, vanilla, salt, cinnamon and then add flour. The dough will be quite sticky. Then add the chocolate chips and hazelnuts. Grease a pan (8 x 8), and preheat the oven to 350 F degrees. Pour the dough in the pan and bake for about 20 min. Be very careful not to overbake them as they will dry out when cooled. Don't bake them for more than 25 min in any event. Cool in pan before cutting into squares. Enjoy !

Share/Bookmark

Tuesday, July 13, 2010

Поклон на пареа / Steamed giveaway


ситно сецкано по трет пат има поклон за вас, овој пат заедно со electrolux. поклонот е овој готвач полн со рецепти на пареа. јас веќе почнав да правам некои работи од него, а ќе може и некој од вас ако оставите коментар на овој пост до понеделник, 19ти јули, до 19 часот, со одговор на прашањето "кое јадење зготвено на пареа би сакале да го видите на ситно сецкано?"

со среќа!
Share/Bookmark

Monday, July 12, 2010

Цвекло на пареа / Steamed beetroot


еве нé пак со рецепт на пареа. јадењата зготвени на пареа баш ни се свиѓаат, лососот ни е хит, неколку пати го правев и секогаш беше многу добар, ама постојано барам и нови идеи за готвење на пареа. идејата за ова јадење ја добив од книгата successful steam cooking, целата посветена на рецепти за готвење на пареа. има тука некои школки, ракчиња, карфиоли, крушки и сливи кои ме викаат да ги пробам. ама прво, еве како да го зготвите цвеклото:


излупете и исечете на крупни парчиња неколку цвекла и помешајте ги со неколку суви гранчиња чубрица. ставете ги во сад со дупчиња (јас ги ставив во метална цедалка), па врз тенџере со вода (цвеклото не треба да ја допира водата), поклопете со капак и оставете ја водата да зоврие, а потоа на тивко оставете го цвеклото да се готви на пареа уште 30тина минути.

потоа истурете го цвеклото во садот во кој ќе го послужите, веднаш додека е топло помешајте го со парче путер и додадете му ливчиња рукола. јас заборавив да ставам сол, ама вака беше многу убаво. сол не му ни требаше, вкусот на цвеклото сам беше доволен. го јадевме со свински бут без коска мариниран во црвено вино и сенф и со млади компири.


Share/Bookmark

Wednesday, July 7, 2010

Колаче со свежо овошје / Fresh fruit cake


еве едно лесно колаче со овошје. рецептот го начекав на design sponge, а е од една дизајнерка на текстил и илустраторка чија работа ми се допаѓа, лена корвин.

колачево ептен лесно се прави, а може да се стави и друго овошје, како јаболки, сливи, боровинки, што ќе ви се најде при рака. јас имав праски и капини.

1/4 путер
рендана кора од еден лимон
1 шоља брашно
2 јајца
3/4 шоља шеќер
1 лажица кафеав шеќер
1 кесичка ванилин шеќер
1 кесичка прашок за пециво
2 шољи сецкано овошје
1/4 лажичка цимет

изматете ги путерот и шеќерот, додадете ги кората од лимон, јајцата и ванилата, па брашното и прашокот за пециво. јас сите работи ги мешав со 2 вилушки. сипете го тестото во подмачкано тавче со пречник од околу 20 cm, наредете го овошјето врз тестото и посипете го овошјето со кафеавиот шеќер и циметот. печете го колачето на 180°C околу пола саат или додека тестото не се испече.

this is an easy fresh fruit cake i found on design sponge. it's from  lena corwin, a textile designer and illustrator, whose work i admire.

it'a a very easy cake to make and you can use different fruits, like peaches, nectarines, plums, and berries. i used peaches and blackberries.

1/4 cup (1/2 stick) butter
grated zest of one lemon
1 cup flour
2 eggs
3/4 cup sugar
1 tablespoon brown sugar
1 teaspoon vanilla
1 1/2 teaspoon baking powder
2 cups diced fruit
1/4 teaspoon cinnamon

cream the butter and the sugar (i do this by hand using two forks). add the grated lemon zest. add the eggs, and vanilla, stirring each to combine. then add the flour and baking powder. pour the batter into a greased 8″ pan. top with the fruit. combine the brown sugar and cinnamon, and sprinkle the mixture on top of the fruit. bake for 30 minutes 180°C, or until the top is browned.



Share/Bookmark