Sunday, July 18, 2010

Американски блондиес ........... Blondies



Мммм, американски рецепти за десерти ... мислам дека знаете дека ми се омилени. А знам дека сте чуле, јаделе и печеле брауниес (brownies). Меки, чоколадни, дивни ... Ама пред неколку месеци го открив рецептов за блондиес (blondies) од сајтот на smitten kitchen. Слични на брауниес, но без какао или чоколадо (освен како додаток). А бидејќи и јас и Бојана сме плавуши, решив да ги испечам и да споделам со вас рецептот. (за жал преводот на колачиве на македонски не звучи баш примамливо, па го напишав како што се изговара на англиски).

Овие блондиес се прекрасни. Меки во средината, а малку крцкави на рабовите, тестото се меша во една посуда, брзо се пече и обавезно воодушевува и гости и домашни. Освен тоа, можете да додадете било каков вкус. Јас ставив лешници и парченца чоколадо и цимет, а други варијанти се ореви, бадеми, суви вишни (ова мора да го пробам), виски, рум, инстант кафе итн.


Блондиес (земете чаша/шоља од 250 мл. и користете ја за мерење на состојките)
пола пакување путер (125 гр.)
1 шоља шеќер (кафеав ако имате, ако не - бел)
2 јајца
пола пакетче ванилин шеќер
едно ронче сол
1 шоља брашно
+
1 шоља исецкано чоколадо
пола или цела шоља лешници
1/4 лажиче цимет
Стопете го путерот. Во голема посуда измешајте го путерот со шеќерот па додајте ги јајцата, ванилата, солта, циметот и на крај брашното. Измешајте убаво. Тестото ќе биде доста лепливо. Додајте ги чоколадото и лешниците.
Со зејтин намачкајте помало тавче (моето беше округло ~ 24cm.), ама правоаголно е најубаво за да може да се исече колачево на коцки. Загрејте ја рерната на 200 Ц степени. Истурете го тестото во тавчето и печете ги блондиес околу 20 мин. Многу е важно да не ги препечете. Мора да го извадите тавчето пред тестото да биде сосема суво и испечено, бидејќи кога ќе се оладат ќе бидат доста посуви. Најдобро е да не ги печете повеќе од 20 - 25 минути. Кога ќе бидат готови, оставете ги да се оладат во тавчете и потоа исечете ги на парчиња.
Рецептов можете многу лесно да го дуплирате, бидејќи со оваа доза ќе добиете доволно колачи за ~ 4 луѓе. Тогаш печете го поголемо тавче и пазете да не го препечете. Уживајте !

Made these fantastic blondies by a recipe from smitten kitchen. They are divine and so easy to make:
8 tablespoons butter, melted (~ 125 gr.)
1 cup brown sugar
2 eggs
1 teaspoon vanilla
pinch of salt
1 cup all-purpose flour
1 cup chocolate chips
1/2 or 1 cup hazelnuts
a pinch of cinnamon
Mix melted butter with sugar, beat in egg, vanilla, salt, cinnamon and then add flour. The dough will be quite sticky. Then add the chocolate chips and hazelnuts. Grease a pan (8 x 8), and preheat the oven to 350 F degrees. Pour the dough in the pan and bake for about 20 min. Be very careful not to overbake them as they will dry out when cooled. Don't bake them for more than 25 min in any event. Cool in pan before cutting into squares. Enjoy !

Share/Bookmark

3 comments:

bojana said...

kako dobro bi mi doshlo parche blondie so kafevo :-)

Daniela said...

Prijavuvam dve isproban varijanti na blodi-vo:
-suvi creshi, vishnovacha, parchinja temna chokolada
-ginger, cimet, parchina bela chokolada
Pozdrav
Daniela

Maja said...

Super zvucat ovie kombinacii Daniela !