Но освен палатите, Синтра воодушевува со погледите. Каде и да се свртите гледата зеленило, шума, сонце и по некоја раскошна палата. За мене Синтра беше едно од најубавите места кое сум го видела на светот. Ова е погледот од градината на нашата гостинска куќа. Во далечина се гледа Националната Палата на Пена - Palacio Nacional da Pena.
Калето на Мурите - Castelo dos Mouros. Ова е еден од погледите кои ги гледате кога шетате низ центарот на стара Синтра.
Во Синтра имаат две традиционални печени десерти/ погачици. Ова горе се вика Queijada, има сладко цврсто тесто и благ фил од мелени бадеми.
А ова е Travesseiros - и значи голема перница - тесто е лесно како пердув, слатко и полно со многу вкус фил од тиква. Мммммм, ова беше прекрасно.
Поглед на Синтра од Мурското Кале. Белата палата во центарот на Синтра се вика Национална Палата на Синтра - Palacio Nacional de Sintra.
Национална Палата на Пена. Кулите се розови, виолетови и жолти, а навечер е осветлена и се гледа од далеку.
Повторно Националната Палата на Пена.
Назад во Лисабон, се разбира бевме во супермаркет. Делот за риба и морска храна одземаше четвртина од маркетот. Ова е познатиот португалски бакалар сушен во сол. Ова е еден од најпопуларните состојки во португалската храна. Во сите ресторани и пекари има нешто со бакалар во сол. Пред да се готви, ја мијат солта, но според мене, јадењата со бакалар сепак беа малку посолени од обично. Ние јадевме солен бакалар печен во рерна со бешамел сос ама заборавивме да го сликаме за жал.
2 comments:
tie blagite polni so fil mnogu dobro izgledaat
Sakam i jas da probam od se ova sto ste go objavile, ke otvorite mozebi Portugalski restoran??
Post a Comment