Еве дел од што јадевме и видовме:
Свежи сардини на скара. Вкусот беше супер, поделикатен од сардини во конзерва, но имаа многу многу коски. Сардини на скара имаше во секој ресторан за 5 -6 евра со помфрит и салата.
Еве го плоштадот Dom Pedro IV или попознат како Росио. Скоро сите прошетки во Лисабон почнуваат, завршуваат или проаѓаат низ плоштадов. Навечер фонтаните, црквите и палатите беа прекрасно осветлени.
Поглед од плоштадот Росио. Лисабон е распослан на многу мали и поголеми ридови и од многу различни места има убави погледи на градот и реката.
Ова беше нашето омилено португалско јадење. Се вика Катаплана и е манџа од ракчиња, школки (clams), домати, пиперки, кромид, компири и свеж кориандер (како компир манџа за луѓе кои живеат покрај море). Морската храна беше толку свежа и вкусна, а сепак толку едноставна, не можевме да одолееме да јадеме катаплана двапати. Катапланата ја служеа во посебен сад од бакар. Ќе се обидам да го направам јадењево дома наскоро.
Фотографија горе и долу е од уште едно фантастично португалско јадење, манџа од ориз, морска храна, домати, кромид и свеж кориандер. Во тенџерчево дури имаше и нога од краба. Беше апсолутно дивно.
Манастирот на калуѓери од редот на Св. Џеронимо во Белем - Mosteiro dos Jeronimos.
Излог на пекара во Лисабон. Пекари имаа насекаде, и продаваа не само печени нешта, туку и свежи сокови, кафе и зготвена храна како мало ресторанче. Ова е најпознатиот десерт во Лисабон, се вика Pasteis da Nata и е мало колаченце со подлога од благо лиснато тесто и фил од крем од јајца (custard tart). Овие беа неверојатни и јас мислам дека јадев едно од овие секој ден. Посебно убави со малку цимет одозгора.
Излогот на пекарата од внатре. Имаа неверојатен избор на благи тестенца, колачи и лиснати.
Pasteis da Nata од близу.
Една од плажите во Кашкаиш. Кашкаиш беше мало шармантно гратче со мали убави плажи и стари куќи во разни пастелни бои. Тука јадевме риба на скара, ама заборавивме да ја сликаме.
Останатите слики и јадења во следниот дел....
4 comments:
Мммм поминаа години откога бев во Португалија, ама вкусот на Pasteis de Nata ми е уште во уста! Фала за убавиот текст и за потсетувањето!
Фала Наташа ! Јас сериозно се заљубив во Лисабон и Синтра и не ми се верува дека до сега никој не ми кажал колку е убаво таму!
Cool!
Edvaj go cekam vtoriot del na patepiscive :)
Маја и Бојана:)(и двете може да го прочитате ова,нели?-нова сум во блогирање па не се снаоѓам:))
Јас сум Маја од патувачкиот блог:)
Фала ви ептен што ми пишавте, јас оддамна сум фан на ситносецкано на фб, а од вчера и на блогот. Сите другарки ве читаат religiously;)..текстот за Португалија денес го открив и не ми се верува која коинциденција!:)Баш интересно...Дури мислам дека сликите од Лисабон ни се идентични хихи;)
Ве охрабрувам да испробате и напишете рецепти од португалската храна...пример колачињата од Белем?
Поздрав и се читаме;)
Maja
Post a Comment