Monday, August 16, 2010

Домашна гарам масала ...... Homemade garam masala

scroll down for the recipe in English

Гарам масала е еден од моите омилени зачини. Не.... Гарама масала е мојот омилен зачин. Оваа мешавина на неколку зачини, која се користи традиционално во индиски јадења, е совршен спој на мирис, љутина, и се разбира цимет. Проблемот со гарам масала, како и со многу други состојки, е што во Скопје не може да се најде така лесно, а и оние пакетчиња што се наоѓаат, не се ништо посебно.

Но всушност гарам масалата е неверојатно лесно да си ја направите сами дома, и во исто време да ја прилагодите на сопствениот вкус. Мојот рецепт за гарам масала доаѓа од готвачот на Анџум Ананд "Anjum's New Indian" од кој ќе добиете количина која ќе ви трае долго време и ќе можете да ја користите во безброј јадења, не само индиски. Најважно од се, не грижете се ако ги немате сите состојки од рецептот. Анџум вели дека во Индија секое семејство има сопствен рецепт, па слободно адаптирајте ја својата мешавина на она што може да го најдете. И на крај, користете или веќе смелени зачини, или смелете ги во мелница за кафе или во мал блендер (или со толчник ако имате трпение и енергија). Освен во супермаркети, зачини има кај една девојка на зелено пазарче и во продавницата за здрава храна во Бисер.



Еве дел од моите зачини. Ги купив во големо пакување и ми траат повеќе од 1 година.

Ќе ви треба:
2 -3 лажички кориандер
3-4 ловорови листа
7 кардамом зрна (или 1 лажиче мелен кардамом)
1 лажиче црн бибер (ако имате во зрна - уште подобро - оти свежо смелениот бибер е подобар во рецептов)
2 лажичиња кумин
1-2 лажичиња цимет (јас многу сакам цимет па ставам 2, ако не сте толку по циметот, намалете ја количината)
5-7 каранфилчиња (ќе треба да ги смелете или истолчите)
1 чиста тегла (големина околу 200 - 250 гр.)



Измелете ги зачините кои не се мелени и измешајте ги сите состјки. Чувајте ја гарам масалата во чиста тегла, на темно (не на отворена полица) за вкусот да остане свеж подолго. Ќе ви трае со месеци. Оваа мешавина на гарам масала нема чили зачин, ама вкусот сепак ќе биде малку љут, поради големата количина црн бибер.

Освен во индиски јадења, јас ја користам мојата во супи, посебно крем супи од морков, тиква или карфиол, во манџа леќа - ова е фантастично, во домашен сос од домати - кога не сакам типично италијански сос. Со гарам масалата исто така и мачкам месо, како пилешко или свинско за повеќе вкус, пред да го печам или пржам. Експериментирајте и оставете ни коментар ако имате нова идеја. Оваа гарам масала ќе ви го промени животот.

А за неколку дена доаѓа рецептот за Гоанско кари со риба со гарам масала !!


Garam masala is my favorite spice ever. This recipe for homemade garam masala is amazing: fragrant, mildy spicy and delicious in so many dishes, not only Indian. The recipe comes from Anjum Anand's book "Anjum's New Indian". Feel free to adapt it with what's available to you, as I have done. Besides in Indian food, I use it to flavour thick soups, such as carrot, pumpkin or cauliflower soup; in lentil stew - which is amazing; in tomato sauce when I don't need a traditionally Italian sauce, and for rubbing chicken or pork before roasting or sauteeing. This garam masala will change your life.

You will need:

2 teaspoons coriander (seeds or ground)
2 teaspoons cumin (seeds or ground)
4 bay leaves
7 cardamom pods (or 1 teaspoon ground cardamom)
1-2 teaspoons cinnamon (I add 2 because I love cinnamon)
1 teaspoon black pepper (peppercorns are better as the flavour they give is fresher)
5 cloves

Grind the spices which are whole in a spice or coffee grinder or small blender. Mix them all and store in a clean jar, in a dark place. It will last for months.

Coming next week ... Goan fish curry with garam masala!

Share/Bookmark

10 comments:

bojana said...

mnogu dobar post. mnogu dobar zachin.
a vikash da gi trgnam teglite so zachini shto sum gi naredila na polica da mi se gledaat, a?

Maja said...

Hmm, ne znam. Taka citav deka poarno bilo da ne se izlozeni na prirodna svetlina za da traat podolgo. Mozes del da ostavish tamu a del da trgnes. Bojke, ti imas nekoi scarily old zacini na taa polica. tie taman za ukras !

bojana said...

:-))) da, imam. ne gi koristam. a ja sum chula deka e dobro i vo frizhider da se chuvaat za podolgo da traat, meleni zachini.

Т. said...

Го направив зачинот и можам да кажам дека е експлозија од мириси!!! Не верував дека толку прекрасно и ароматично ќе мириса. Ќе го пробам во ќофтиња :)
Поздрав,
Теа.

Maja said...

Фала Теа ! мене гарам масала ми е омилен зачин.

Јелена said...

Случајно стигнав до вашиов блог и многу ми се бендиса со каков мерак си готвите, јадете и пишувате :-) Имам едно прашање во врска со домашната гарам масала - ставивте ким (како на пример оној што го ставаме на кифлички)или кумин?

Фала многу :-)

bojana said...

јелена, треба да биде кумин. добро што праша. сега ќе го поправам и во текстот.

Јелена said...

Фала многу за одговорот! Ќе го направам деновиве па ќе пишам како ќе излезе :)

Anonymous said...

Здрастуйте, всі, я Адрік Вадим, який проживає в місті Курган, я хочу поділитися з вами всіма про те, як містер Бенджамін допоможе мені отримати кредит у розмірі 15 000 000,00 рублів, щоб почати свою доставку харчових напоїв після того, як я працюю Кілька готелів тут, в Кургані, просто щоб заробити на життя, але нещасливі, у мене все ще виникали труднощі з оплатою оренди, але я дякую Богу, що зараз я працюю самостійно, 5 працівників працюють на моїй опіці. Якщо ви шукаєте фінансову свободу, я радимо вам зв’язатися з паном Бенджаміном з цим електронним листом нижче та номером додатка. lfdsloans@outlook.com + 1-989-394-3740

Putri Adiratnaa said...

Можност за заем понуден од г-дин, Бенџамин што го спасува моето семејство од финансиски обврзници {Lfdsloans@outlook.com

Здраво на сите, јас сум самохрана мајка од Путри Адиратна од Jakакарта, би сакал да го споделам ова одлично сведоштво за тоа како добив заем од г-дин, Бенџамин, кога бевме истерани од нашиот дом кога веќе не можев да ги плаќам сметките, се измамени од разни компании преку Интернет и негираше заем од мојата банка и некои други кредитни сојузи што ги посетив. Моите деца беа згрижени за згрижување, сите бев сам на улица. Денот кога срамно влегов во еден стар училишен колега, кој ме запозна со Дејзи Морин. Отпрвин told реков дека не сум подготвена да ризикувам повеќе да барам заем преку Интернет, но таа ме увери дека ќе добијам заем од нив. На втора мисла, поради мојата бездомност морав да пробам и да аплицирам за заем, за среќа за мене добив заем од $ 80,000,00 од г-дин, Бенџамин. Среќна сум што го презедов ризикот и аплицирав за заем. Моите деца ми беа вратени и сега јас поседувам дом и сопствен бизнис. Сета благодарност и благодарност им помага на г-дин, Бенџамин што ми даде значење во животот кога ја изгубив целата надеж. Ако моментално барате помош за заем, можете да ги контактирате преку: {Lfdsloans@outlook.com WhatsApp + 1-989-394-3740.