Saturday, January 29, 2011

Јачмен со печурки / Barley with mushrooms

 scroll down for the recipe in english

после сите оние слики од скари, хамбургери и свински печења еве ви еден рецепт без месо. рецептот е од овде. можеби на сликите јадењево не изгледа многу примамливо, ама е вкусно, и здраво. добро е да се јадат разни житарици. јас најдов кршен јачмен, од рашник, па тоа допринесува јадењево да изгледа покашесто.

1 шоља јачмен, кршен или цели зрна
маслиново масло
1 кромид, ситно исецкан
350 gr печурки, јас ставив свежи шампињони
1 лажица гарам масала, (ова го немаше во рецептот, ама ми се виде како добра идеја)
сол, бибер
свеж магдонос

јачменот сварете го според упатството на пакувањето.
на загреано масло испржете го кромидот, додадете ги печурките, сол, бибер и гарам масала и пржете ги 10тина минути. потоа додадете го сварениот јачмен и магдоносот, промешајте и готово е.


after all those photos of bbq, hamburgers and pork roasts here is a recipe without meat. it's from here. maybe the photo of this dish is not that mouthwatering, but it's really tasty, and healthy. i only found broken barley, from rashnik, so it makes this dish more mashed.

1 cup barley, crushed or whole
olive oil
1 onion, finelly chopped
350 gr mushrooms, i used fresh button mushrooms
1 tablespoon garam masala, (this wasn't in the original recipe, but it seemed like a good idea)
salt and freshly ground black pepper
fresh parsley

cook barley according to package instructions.
heat oil in a large frying pan over medium heat. add onion and cook until translucent, add mushrooms, garam masala, salt and pepper and cook until golden brown, about 10 minutes. stir in reserved barley and parsley and it's done.

    Share/Bookmark

    Wednesday, January 26, 2011

    Њујорк, дел 3... New York, part 3

    Гледате ли Cake Boss? Јас и мајка ми многу го сакаме. Всушност дури и маж ми Џипу го гледа. Е па ни текна дека додека сме во Њујорк би можеле да одиме до Хобокен во Њу Џерзи и да одиме во неговата пекара. Еее, таму почна планот да се распаѓа... Дознавме дека Хобокен е само 15 мин. со воз од Њујорк, меѓутоа денот кога планиравме да одиме почна да паѓа снег и паѓаше и паѓаше и паѓаше. Да ги цитирам американските вести, тоа беше "the blizzard of 2010" (повеќе слики од снегот подолу). Возовите беа откажани не само тој ден туку и следните два, и на крај единствениот ден кога можевме да одиме беше денот кога таа вечер требаше да летаме назад дома. Ама јас не се откажувам така лесно... Меѓутоа... информациите како да стигнеме до таму кои ги најдов на интернет беа грешни и наместо воз за Хобокен, се качивме на воз до Journal Square. Комплетно збунети таму фативме такси, се возевме бесцелно десетина минути, поодивме пешки па фативме нешто што личеше на трамвај и ....

    конечно стигнавме во Хобокен пред пекарата на Cake Boss. И тогаш видовме дека редицата на луѓе кои чекаат да влезат кај Buddy не се протега само 10-15 метри пред пекарата, туку и преку улица уште 20-30 метри. Очигледно беше дека немаме доволно време да чекаме на ред и си се вративме назад во Менхетен....


    И еве уште неколку слики од јадењата од таму.


    Бевме на американска скара во Dallas BBQ. Ова беше ребра, пилешко, печен компир и парче corn bread - кој беше многу сладок како колаче.... и не ми се допадна.

    Ова го јадев јас: огромен хот дог со помфрит и чили со мелено месо и грав. Многу беше вкусно.

    Ова беше едно од највкусните јадења: Тајванска супа со спанаќ, вонтон и мали минијатурни суви ракчиња (големина на мравка). Го јадевме во Biang Dang, тајвански ресторан во Koreatown во еден центар со разни корејски ресторанчиња Food Gallery 32. Пред да го отворат ресторанчево братот и сестрата сопственици прво имале популарен food truck - подвижен ресторан NYC Cravings, за кој јас читав на блогот Midtown Lunch. И навистина храната тука беше многу вкусна.

    Ова беше ориз со нешто зелено, сос од свинско (ПАК свинско !) кој беше многу вкусен, и огромно парче пржено пилешко. Порцијата беше огромна, ефтина и супер.


    Ова беше ориз, зелено чудо, сос од свинско и огромна кременадла. Многу многу вкусно.


    Се разбира една вечер отидовме и на мексиканска храна. Минатата година бевме во овој мал ресторан и бевме сосема воодушевени. Се вика Pinche Taqueria и имаа неверојатни такос. Јас пиев и хорчата, пијалок од ориз и цимет кој беше прекрасен и кој ќе пробам да го направам дома.

    Јадевме такос со риба кои беа феноменални, ама бевме толку гладни што ги снема пред да ги сликам. Ова горе е такото со свинско, а пробавме и со телешко и двете беа така така. Тие со риба беа дефинитивно најдобри.


    Плус и една огромна кесадија со пилешко - исто така фантастична.


    Толку од сликите со јадења. Многу храна, многу избор, огромни порции и некои незаборавни јадења, како што секој си замислува дека храната во Њујорк би била.


    А еве сега како изгледаше "the blizzard of 2010".






    Share/Bookmark

    Sunday, January 23, 2011

    Њујорк .. дел 2, New York ... part 2

    Еве го вториот дел од нашето патување. За овој дел ги зачував највкусните јадења што ги пробавме и се надевам дека сликите ќе можат да ви доловат барем дел од тоа колку беа неверојатни. Но прво неколку фотографии од Brooklyn Bridge на зајдисонце.













    Еве го најдоброто нешто што го јадевме во Њујорк. Нека не ве мами изгледот на сендвичиве. Вкусот беше да паднеш во несвест. Ова се сендвичи од Baogette, во Њујорк има 3 мали Baogette ресторанчиња кои продаваат виетнамски сендвичи, супи, noodles и слично. Ова е сендвичот со пилешко на скара. Беше фантастичен, но сепак второ место зад сендвичот со свинско на сликата подолу.




    Овој неверојатен сендвич беше толку добар, таму отидовме и втор пат само за него. Изгледа многу скромно, но помеѓу мекиот француски леб имаше 4 вида свинско: печено свинско со виетнамска маринада - ова беше слатко и прекрасно, две разлишни домашни свински паштети и домашна terrine (како пача, ама без желето и со многу повеќе месо), плус скиселени моркови, краставица и даикон, свеж кориандер и мајонез помешан со чили сос Срирача. Кога би можела би го јадела овој сендвич барем два пати неделно додека не остарам! Дефинитивно имам план да пробам да го направам дома и да ви го кажам рецептот на блогот.


    Еве го следното најпосакувано нешто за нас од Њујорк (ние сме по месото, не толку по Gucci на Fifth Avenue). Хамбургерите од Shake Shack според некои се најдобрите во Њујорк. Месото е специјална мешавина на биолошко телешко, кое е свежо мелено секој ден. Минатиот пат кога јадевме таму јас изедов два и сериозно размислував за трет. И нејќев да си одам. Ниеден хамбургер кој сум го пробала до сега не може да се спореди со вкусот од Shake Shack. Лепчето е фантастично а ставаат и некој специјален сос.



    Освен бургери, јадевме и помфрит со стопен кашкавал и пиевме милкшејк од ванила. За овој оброк сонувам кога сум гладна.


    Еве што јадевме за ручек еден ден од шведската маса во супермаркетот Whole Foods. Бевме импресионирани од квалитетот и вкусот кој го имаат. Се беше прекрасно. Јас јадев пилешко кари, вегетаријанско кари со грашок и компири, пире, павлака, сирење ... од се по нешто... тешко е да се контролира човек кога има таков избор.



    Џипу јадеше кари, боранија, ориз, buffalo пилешки крилца и уште којзнае што.



    Следниот сендвич е повторно со свинско. (пардон ако изгледа ко да не спонзорирал некој месар на патувањево, ама не можевме да одолееме) Ова е од ресторанот Porchetta - во кој прават сендвичи со порkета - традиционално печено свинско од централна Италија, зачинето со рузмарин, фенел, лук и други нешта. Месото беше феноменално... се топеше во уста, плус имаше и доста крцкава кожа.



    Еве уште еден бургер. Овој беше сосема обичен и ништо посебно. Го јадевме во The Counter, интересно беше тоа што ти даваат список со едно чудо опции кои можете да си ги додадете на бургерот. Во Shake Shack не ти даваат список со милион опции, ама таму бургерот е незаборавен па не ти треба ни избор ни опции. Меѓутоа, овој помфрит направен од сладок компир беше супер.



    И на крај ова е salted caramel hot chocolate од Starbucks. Леле мори мајко... мислам дека името само си кажува колку ова беше дивно, слатко, топло и дали веќе реков дивно ..? Мислам дека ќе пробам да го направам и ова дома, и потоа и да го ставам на блогот.


    Последниот дел од патувањето за ден два.

    Share/Bookmark

    Tuesday, January 18, 2011

    Њујорк, конечно ... New York, finally ... дел 1, part 1


    Chrysler Building

    Со големо задоцнување, еве го мојот "извештај" od Њујорк ! Во Њујорк бевме во декември за нивниот Божиќ. Ова е (како и за милиони други луѓе) мојот омилен град. Њујорк е посебен. Таму има се и сешто и секакви. Иако репутацијата не му е таква, всушност сите се многу љубезни и пријателски (барем во споредба со Холандија). Се е отворено или 24 часа или до многу доцна навечер. Може се да се најде, да се види, да се проба, да се јаде ....

    Еве прво слики од "пејсажот" па од некои од јадењата....

    Times Square навечер



    Погледот од интериерот на Time Warner Center


    Ed Sullivan Theater


    Trump Tower


    Empire State Building


    Fifth Avenue


    Поглед од Central Park

    Metropolitan Museum of Art (за снегот повеќе во следниот дел)


    Columbus Circle & Time Warner Center
    Eве дел од јадења. За жал, понекогаш гладта и моментот ќе те понесат и заборававме да сликаме се што јадевме. Но сепак имаме многу слики и разни работи да споделиме.
    Како што можеби веќе сте приметиле, јас (како и сестра ми) понекогаш се опседнувам со храна и по малку забегувам. Кога бевме во Њујорк минатата година јас си подготвив домашно направен водич за рестораните и храната во Њујорк... од 80 страни..... Го читав со саати и го влечев маж ми да бараме некои места кои не се наоѓаа лесно. Овој пат решив да бидам пофлексибилна, ама сепак успеав да го одвлечкам на две - три места.
    Препораките за каде да јадеме се од Serious Eats New York - блог кој го читам скоро секој ден, од New York Times Dining делот, од блогот Midtown Lunch, и од мојот колега Гил, кој е од Њујорк и кој ми е ортак за јадење и зборење за храна на работа.

    Ова ни беше појадок во хотелот секој ден. Bagels, една половина со путер, една со крем сир, кафе, сок и банана. Дивни беа.


    Патки, голем октопус и други чуда во излог на ресторан во Chinatown.


    Еднаш јадевме во Chinatown. 24 декември беше и имаше многу гужва. Подоцна дознав дека Евреите од Њујорк имаат обичај на Christmas Eve да одат во кино и на кинеска храна. Ресторанот не знам како се викаше. Патката беше супер, мислам дека беше печена. Кората беше многу крцкава, а месото сочно. Освен тоа јадевеме и pork dumplings, fried rice и Mu Shu Pork - мали палачинки и фил од зелка, печурки, некој интересен сос и парчиња свинско.


    Едно од најважните места на кои сакав да одам беше Momofuku Milkbar. Тоа е еден од рестораните на професионалниот готвач David Chang (Американец од Корејско потекло), кој готви нова модерна, интересна храна со азиски влијанија. Momofuku на јапонски значи среќна праска (lucky peach), некои од Momofuku рестораните се доста скапи и доста тешки за добивање резервација, па решивме да пробаме нешто од Milkbar. Milkbar всушност не е баш ресторан, нема столици, само високи маси за јадење на нога. Се наоѓа во East Village.

    Прво пробавме кроасан со corned beef, кисела зелка, мајонез и сенф (како варијација на Reuben сендвич). Убав беше ама малку мрсен.

    Но најмногу сакав да го пробам нивното најпрепознатливо јадење - pork buns: меко лепче, готвено на пареа, наместо печено, наполнето со неверојатно сочни, меки парчиња свинско, сос, и парчиња свежо-скиселена краставица.


    Многу беше вкусно, ама мало... дефинитивно не доволно за ручек за маж ми кој јаде 4,000 калории на ден .... Вкусно ... ама не толку вкусно колку што мислев дека ќе биде сите оние саати кога на работа скришно читав за David Chang во New York Times и на Serious Eats и кога ми течеа лиги на биро ....



    За десерт јадевме мало чанче сладолед кој ни го дадоа, така за џабе, да го пробаме, со вкус на Cereal Milk и Horchatta (за ова хорчата повеќе следниот пат...) Десертите и сладоледите ги креира Christina Tosi. И навистина сладоледот Cereal Milk имаше вкус како млекото кога ќе ви остане во чинија кога јадете корнфлејкс насабајле. Многу интересно.
    Плус, поделивме и едно парче cinnamon bun pie. Ова беше многу убаво... ама не ми е баш јасно што беше. Како микс од cheesecake, торта, и крцкави парчиња се во едно....



    Следниот пат сакам да пробам некој од другите momofuku ресторани, и колачето што се вика Compost Cookie со корнфлејкс, чипс и други чудни состојки.....
    за ден два, ќе го подготвам следниот дел од ова патешествие....


    Share/Bookmark