Thursday, September 15, 2011
Тортиља супа ... Tortilla Soup
Се смрзнавме во Холандија летово. Како што напишав на Facebook пред неколку дена, летово температурата беше 16 – 18 степени, а сега сме во септември и е уште поладно, плус со неколку бури и страшен ветер додадено. Можеби кај вас е сеуште топло, ама супава е премногу вкусна да чекам да залади во Македонија да ви ја кажам.
Идејава е од мексикански рецепт, кој јас го прилагодив и поедноставив. Мојата креација не е толку автентична ама е неверојатно убава. Едноставно изгледа ама ќе сакате да си ставите и втора чинија ! Се надевам ќе ви се допадне.
Додавањето сок од лимон на крај е неопходно. Всушност, убавината на супава е во додатоците на крај, особено лимонот, павлаката и чипсот.
за 4 порции:
~ 800 гр. пилешко месо со коски (во зависност од големината на кокошката, може да искористите 5 копани како мене, или 2 копан со докопан)
300 гр. замрзната пченка
400 гр. кафеав грав од конзерва (или дома сварен)
1 среден кромид
~ 400 гр.течен сос од домати (пасата) или конзерва домати- испасирани
1 лажиче кориандер во прав (зачинот не тревката)
1 лажиче кумин
1 лажиче чили зачин (ова зависи од колку ви е љуто чилито)
сол, бибер
2 лажици масло
за во чинија:
сок од лимон или зелен лимон, павлака, тортиља чипс, свеж кориандер
Сварете ги парчињата пилешко месо во околу литар и пол вода и без сол (моите копани беа готови за 25 минути). Оставете ги да се изладат надвор од супата, и потоа исчистете го месото од коските и ситно искинете го. Тргнете ја супата од тенџерето, ама не ја фрлајте. Во тенџерето ставете 2 лажици масло и околу 2 минути на среден оган испржете го ситно исецканиот кромид. Додајте го пилешкото месо, супата во која се варело пилешкото, пченката, гравот, сосот од домати и сите зачини. Посолете по вкус и оставете ја супата да се вари околу 20-ина минути, за сите вкусови да се спојат. Пробајте ја супата и додадете чили или сол ако треба. Сервирајте ја супата и врз неа ставете лажица павлака, лажиче сок од лимон, свеж магдонос или кориандер, а отстрана послужете тортиља чипс.
Уживајте !!
This tortilla soup may not look stunning, but it is delicious beyond words. We been having super cold weather in Holland all summer and now that September is here, it’s even colder. I made this soup to warm us up. It was perfect ! My variation is not the most authentic, but it sure is simple and quick.
for 4 portions:
~ 1 3/4 lb. chicken pieces on the bone (drumsticks or thighs or a mix)
10 oz. frozen corn, or a can of corn, drained and rinsed
1 can kidney beans, or 14 oz. cooked dry beans
1 medium onion
1 can tomato sauce (passata), or a can of chopped tomatoes
1 teaspoon coriander
1 teaspoon cumin
1 teaspoon chili powder (or add more or less than this depending on the heat level of your spice)
1 tablespoons vegetable or olive oil
salt, black pepper
to serve with:
tortilla chips, sour cream, fresh coriander (cilantro), lime or lemon juice, avocado chunks.
Cook the chicken pieces in about 1 and half liter water, for about 25 minutes. Remove from the stock once cooked and let cool, but do not discard the stock. Shred the chicken meat and discard the bones and skin. In a pot, heat the oil and gently fry the chopped onion for couple of minutes. Add the shredded chicken, the stock, corn, beans and tomato sauce and all the spices. Let the soup cook for about 20 min. so all the flavors marry together nicely. Serve with tortilla chips, lime juice, sour cream and coriander. Avocado chunks optional. Enjoy !!
6 comments:
An very original idea to eat tortilja with this more than yummy soup:))
Obozavam meksikanski specijaliteti, a ova izgleda navistina vkusno i prekrasno, ke mora da ja probam receptata!
Fala ! - Maja
Супер е блогот, ако може некој нареден пост направете полесен рецепт ( за деца )(нешто благо :D ) дека овие ми се малку комплицирани, неможам бaш да се снајдам, а и повеќето се ручеци. Фала :)
Lolipop ! Обавезно ќе направиме нешто благо и лесно многу скоро !
lolipop, разгледај низ блогот, во овие две и пол години имаме доста благи и едноставни рецепти, како на пример ова колаче со мармалад:
http://sitnoseckano.blogspot.com/2011/05/jam-cake.html
Post a Comment