Tuesday, September 6, 2011
Овесни трици за појадок .... Breakfast Oat Bran
Scroll down for the recipe in English.
На блогов можеби имаме разни богати рецепти, ама освен готвење со сланина, свинско, путери и кашкавали, често се трудиме да јадеме и здрава храна. Јас секој ден редовно читам блогови и сајтови за храна, ама обавезно читам и блогови за здрав живот, и оттаму ми е идејата и рецептот за овој појадок. (Омилен блог за инспирација за здрава храна/живот ми е Kath Eats Real Food)
Денешниов појадок е варени овесни трици. Е сега, мислам дека дискусијата за македонскиот збор “трици” ќе мора да ја оставиме за друг пат за да не ни се расипе апетитот, ама бидејќи на пакувањето така е напишано, така и јас ќе ги викам. (ако има некој идеја за подобар збор од трици, нека остави коментар). Според wikipedia триците се надворешниот дел од разни житарици, како пченица, овес, јачмен, и се многу здрави, особено за дигестивниот тракт и за срцето. Овие овесни трици изгледаат како средно смелени цели овесни зрна. Јас пакувањево го купив во Веро, каде видов вакви производи од неколку различни компании, ама бидејќи никој не ме спонзорирал на фотографијата подолу го сокрив производителот. Триците ќе ги најдете на полиците со здрава храна и верувам дека ги има и во други супермаркети.
Е сега штом завршивме со деталите околу тоа што се, и каде да ги најдете, време е да ви кажам колку неверојатно вкусни се овие овесни трици. Јас преферирам да ги јадам топли, зготвени ама сигурно се во ред и ладни со јогурт. Рецептов подолу е само идеја и груба информација како да ги зготвите. По желба може да додадете какво сакате овошје, или цимет, шеќер, путер од кикирики, ореви … комбинациите се безброј. Многу лесно и многу брзо се прават. Појадокот ќе ви биде готов за 5 минути.
(Освен овесни трици, од Скопје во Холандија си носам домашен ајвар и малиџано од тетка Билјана и чичко Никола, овчо сирење од Здравје, просо, вегета од Алкалоид – таа поздравата, бадеми и лешници од зелен пазар, бел чај со портокал од Билната аптека на Алкалоид, и едно 20 различни ‘бонжити’ на Виталиа. Уште само фали царина да ме фати !!)
Вака изгледаат измешани со млекото.
за 1 лице: (ова е мојата типична доза, слободно додајте или одземете по потреба)
6 лажици овесни трици
18 лажици вода
6 лажици млеко
многу мала ронка сол (мора да пробате со сол, неопходен додаток за добар вкус на појадоков)
пола бананa
Додатоци:
јагоди, боровинки, капини
цимет
шеќер
ореви, лешници, бадеми
путер од кикирики
ленено семе, семки од сончоглед и тиква
суво грозје
Ставете ги триците и водата и солта во мало тенџере и со мешање на средна температура, гответе ги 3-5 минути, дур не станат густи како качамак. Тргнете ги од оган и додајте го ладното млеко и убаво измешајте. Во мал сад исецкајте ја бананата и истурете ги зготвените трици врз неа, и на крај додајте ги додатоците по избор. Уживајте и ако имате идеја за друг рецепт со овесни трици, обавезно оставете коментар!
(п.с. можете да ме видите во одразот на лажицата! You can see me in the reflection in the spoon)
I know we like to post a lot of rich, creamy, bacony, cheesy recipes over here, but in reality we also try to eat healthy. I regularly read food blogs daily, but I also read healthy living blogs too. One of my favorite ones for healthy food inspiration in Kath Eats Real Food.
This here is one of my favorite healthy breakfasts: oat bran. I like it cooked with water, with a bit of milk added and always a banana, while hazelnuts, strawberries, raisins, cinnamon or peanut butter are all optional add ons.
for 1 person:
1/3 cup oat bran
1 cup water
1/3 cup milk
pinch of salt
half a banana
Cook the oat bran with the water and salt in a small saucepan for 3-5 mins. while stirring. Remove from heat, then add the cold milk. In a bowl, chop the banana, then pour in the oat bran and add whatever you like on top. Enjoy and please leave a comment if you have any recipe ideas for oat bran!
9 comments:
I love aots breakfast and would eat it exactly like that with fruit:)So yummy and healthy
Thanks Dzoli !
Cinnamon and honey
Триците од Виталиа се многу вкусни, малку се побели во однос на другите. Јас не ги варам, потопувам неколку големи лажици трици во ладно млеко, додавам мед и сецкани оревчиња.
Превкусно, нискокалорично и многу здраво. :)
Поздрав, блогот е прекрасен.
Prekrasno izgleda, vkusno e i zdravo!
Фала Sassycasual ! ке ги пробам некој ден така. Definitely cinnamon and honey sounds yummy too !
Denes probav so zitni trici i jabolko, gi svariv vo voda, dodadov med, seckano jabolko, orevi i susena brusnica. Mnogu vkusno i zdravo.
Boil in water for 5 minutes, add the milk at the end, stir for 15 seconds to warm the milk...add 1 banana, 1 green applle, 1tsp cinnamon, 2 Dried plums & 1 figue... Tastes much better like this... No salt at all, very light fruity taste with a lot of cinnamon aroma :)))))
moze da znam kade zivees vo holandija posto i jas ziveam tuka :)
Post a Comment