Monday, June 29, 2009
Салата со модри патлиџани, наут, печени пиперки, сирење и маслинки
1 голем модар патлиџан
1 шоља наут, стоен преку ноќ во вода, варен пола саат и исцеден, или
1 конзерва наут, исцеден
2 црвени пиперки, печени, излупени и исчистени од семки (јас имав вакви замрзнати, ама
можете да употребите и пиперки од тегла)
бело сирење
црни маслинки
оригано
сол
бибер
балсамик оцет
маслиново масло
соја сос
2 лукчиња, истолчени
Модриот патлиџан исечете го по должина на тенки кришки, околу 5 мм дебели. намачкајте ги кришките со малку маслиново масло од двете страни, наредете ги во тавче во еден слој и печете ги во рерна 10тина минути, додека не омекнат во средината и не почнат да се заруменуваат. потоа наредете ги во тањир.
помешајте ги оцетот, соја сосот, лукчето, ориганото, солта и биберот и потоа, цело време мешајќи, полека сипете го маслиновото масло.
ставете ги наутот, исечените пиперки, сирењето исечено или здробено и маслинките во еден сад и прелијте ги со "dressing"-от и сето тоа истурете го врз модрите патлиџани.
Thursday, June 25, 2009
Полжави со афион
за тестото:
300 g брашно
1 кесичка ванилин шеќер
200 g путер, на собна температура
125 g шеќер
сето ова + малку вода се меша прво со вилушка, па потоа со рака и тестото се остава во фрижидер пола саат.
едно кесиче (100 g) афион се вари со многу малку вода (баба ми вика дека треба да биде млеко, ама тоа ќе го пробаме следниот пат) + 100 g шеќер додека шеќерот не се растопи и не се згусне.
тестото се развлекува со сукало на 5 mm дебелина во правоаголна форма. се мачка со афионот, се витка во ролат и од него се сечат парчиња 5 mm дебели кои се печат на хартија за печење во загреана рерна на 180°C, околу 18 минути. кога ќе се извадат од рерна треба да бидат меки, ама кога ќе се оладат ќе се стврднат.
Полжави со афион
Sunday, June 21, 2009
Артичоки
како се чистат артичоките видете овде.
моиве не беа баш најсвежи. ги купив во рамстор, не знам дали се продаваат и на друго место. а и во фрижидер отстојаа 2-3 дена додека да им дојде редот за готвење. ама сепак беа вкусни.
ги готвев по еден рецепт на џејми оливер, прилагоден според мои убедувања:
се загрева маслиново масло, па се намалува на средно и се запржува сецкано лукче, ама да не стане кафеаво. потоа се додаваат половинки од артичока, малку сол и балсамик оцет. се промешува додека се пржат 2-3 минути па се додава пола чаша вода, се поклопува темџерето и се оставаат 10тина минути да омекнат. потоа се трга тенџерето од шпорет и се става по едно парченце путер на секоја половинка артичока и по неколку ливчиња свеж босилок.
кременадлата на сликата си е кременадла.
Артичоки
Wednesday, June 17, 2009
Пита со тиквици (Zucchini Pie)
пазете: ова колаче создава зависност!
за филот:
2 помали тиквици, излупени, исецкани и со извадени семки
2 јајца
2 шољи шеќер
4 лажици брашно
100 g маргарин на собна температура
1/2 шоља оризово или соино млеко во прав
1 кесичка ванилин шеќер
тиквичките варете ги во малку вода додека не омекнат. потоа исцедете ги и оставете ги да се оладат.
изматете го маргаринот со шеќерот, додадете ги јајцата, па потоа и сите други состојки.
тестото се прави исто како оноа за питата со вишни само не се става слој врз филот. делот од тестото што ќе ви остане може да се замрзне и да се употреби во некоја друга пита.
истурете го филот во тестото и посипете го со мелено морско оревче или пимент. не штедете на морското оревче, кога ќе се испече питата се прави убава крцкава леплива коричка.
печете ја питата во загреана рерна на 175°C додека филот не се стврдне, околу 50-70 минути.
Пита со тиквици (Zucchini Pie)
Sunday, June 14, 2009
Триаголници
1 kg брашно, тип 400
1/2 l топла вода
малку сол
1-2 лажици зејтин
1 маргарин, на собна температура
1. во вангла ставете околу 700 gr брашно, солта, зејтинот и малку топла вода, колку да стане тесто. префрлете го тестото на побрашнета површина, и месете го, додавајќи топла вода или ако треба и брашно, додека не стане мазно и меко.
2. напревете топка од тестото и оставете ја да отстои 20тина минути побрашнета и покриена со крпа.
3. потоа исечете ја топката на 4 дела и секој дел исукајте го посебно, на 1-2 mm дебелина и премачкајте го со околу 50 g маргарин. со нож исечете ја кората во форма на полжав, за да добиете долга лента околу 4 cm широка, фатете го надворешниот крај на лентата и почнете да ја мотате како клопче, сé до крајот, по малку затегнувајќи додека мотате. клопчето побрашнете го, ставете го во тањир, па во кеса и во замрзнувач. повторете го истото и со другите 3 делови од тестото.
4. тие топчиња уште еднаш исукајте ги во правоаголна форма, на дебелина 1-2 mm и исечете ги на долги ленти широки околу 7 cm.
5. на крајот на секоја лента ставете лажиче или две од смесата и завиткајте го триаголничето како на сликата.
6. во едно лонче загрејте малку зејтин и малку маргарин и со тоа попрскајте го тавчето на кое ќе ги наредите триаголниците. потоа премачкајте ги триаголниците со разматена жолчка и посипете ги со сусам, ленено семе или крупна сол. ставете ги да се печат во загреана рерна на 250°C околу 20 минути или додека не се заруменат.
јас дел од триаголниците наполнив со смеса од пржено мелено месо со кромитче и црвен пипер, а другиот дел со смеса од коприви, урда и јајце.
Триаголници
Wednesday, June 10, 2009
Крем супа од тиквици
1 средна накај поголема тиквица или 2 помали
1 поголем компир или 2 помали
1 кромид
1-2 лукчиња
малку хопла (слатка павлака) без шеќер
пропржете го малку кромидот, па додајте ја тиквицата излупена и исечена на парчиња, малку да се испржи, па компирот, 2 шољи вода и сол или вегета. сето тоа се вари додека не омекнат компирите. потоа ставете го лукчето, исецкано и изблендирајте ја супата. пред послужувањето сипете малку хопла.
Крем супа од тиквици
Sunday, June 7, 2009
Рукола салата
купче рукола ливчиња
1 патлиџан
1 авокадо
маслиново масло
балсамик оцет
сол, бибер
пармезан рендан на ливчиња
лупен сончоглед
во еден сад ставете ги руколата и патлиџанот исечен на парчиња колку еден залак. посипете ги со сол и бибер, прелијте ги со маслиново масло и балсамик оцет и промешајте. додадете го авокадото и посипете ја салатата со сончогледот и пармезанот.
1 патлиџан
1 авокадо
маслиново масло
балсамик оцет
сол, бибер
пармезан рендан на ливчиња
лупен сончоглед
во еден сад ставете ги руколата и патлиџанот исечен на парчиња колку еден залак. посипете ги со сол и бибер, прелијте ги со маслиново масло и балсамик оцет и промешајте. додадете го авокадото и посипете ја салатата со сончогледот и пармезанот.
Рукола салата
Thursday, June 4, 2009
Индиски грашок
во еден сад измешајте:
1/4 лажичка шеќер
1/2 лажичка мелен кимин
1/2 лажичка гарам масала
1/2 лажичка сол
1/2 лажичка лут црвен пипер
1 лажица кечап
3/4 шоља слатка павлака (без шеќер) или јогурт
1 лажица сок од лимон
потоа 2 шољи замрзнат грашок одмрзнете го малку под млаз жешка вода, или свеж грашок сварете го и исцедете го (јас не го исцедив баш, па јадењето излезе малце течно, а треба да биде кремасто).
на многу загреан зејтин запржете го грашокот кратко со пола лажичка зрнца ким и една исецкана лута пиперка. потоа сипете го сосот од зачини, шпоретот се уште на најјако, и мешајте уште 3-4 минути додека не се згусне.
1/4 лажичка шеќер
1/2 лажичка мелен кимин
1/2 лажичка гарам масала
1/2 лажичка сол
1/2 лажичка лут црвен пипер
1 лажица кечап
3/4 шоља слатка павлака (без шеќер) или јогурт
1 лажица сок од лимон
потоа 2 шољи замрзнат грашок одмрзнете го малку под млаз жешка вода, или свеж грашок сварете го и исцедете го (јас не го исцедив баш, па јадењето излезе малце течно, а треба да биде кремасто).
на многу загреан зејтин запржете го грашокот кратко со пола лажичка зрнца ким и една исецкана лута пиперка. потоа сипете го сосот од зачини, шпоретот се уште на најјако, и мешајте уште 3-4 минути додека не се згусне.
Индиски грашок
Monday, June 1, 2009
Гвакамоле по мое
ова можеби не е автентичен мексикански рецепт за гвакамоле, ама е вкусен и едноставен за правење.
1 зрело авокадо
2-3 лукчиња
1 полна лажица павлака
малку сок од лимон
сол
лукчето истолчете го со солта. излупете го авокадото, извадете ја семката и згмечете го во садот со лукчето. потоа додајте ја павлаката и сокот од лимон, промешајте и готово.
1 зрело авокадо
2-3 лукчиња
1 полна лажица павлака
малку сок од лимон
сол
лукчето истолчете го со солта. излупете го авокадото, извадете ја семката и згмечете го во садот со лукчето. потоа додајте ја павлаката и сокот од лимон, промешајте и готово.
Гвакамоле по мое
Subscribe to:
Posts (Atom)