Saturday, October 10, 2009

Колаче со сливи / Plum cake

еве го рецептот што ви го најавив вчера:




3 јајца
3 лажици вода
10 полни лажици шеќер
10 не толку полни лажици брашно
овошје
1-2 лажици презла

овој рецепт е од мајка ми. најчесто го правиме со вишни или јаболки, сега првпат ставам сливи, а може да се направи и со капини, црни или црвени рибизли... количината овошје треба да биде доволна да се прекрие дното на тавче 28, без да останат дупчиња. мене овојпат ми останаа дупчиња, немав доволно сливи да го прекријам целото тавче, некој ги изел.

тавчето се подмачкува со маргарин и се посипува со презла. потоа се става овошјето, па врз него се сипува тестото (јајцата, водата, брашното и шеќерот изматени со миксер). се пече во загреана рерна на 200-220°C, па после 15-20 минути се намалува на 175°C, додека тестото не се испече (проверете со боцкање чачкалица во средината).

кога ќе го извадите од рерна, оставете го неколку минути па потоа превртете го во друго малку поголемо тавче или тањир или послужавник.

ако го правите со јаболки, заедно со презлата сипете и цимет. а на вишните им треба малку шеќер, помешајте ги со 4-5 лажици пред да ги ставите во тавчето.




Plum cake

3 eggs
3 tbs water
10 full tbs sugar
10 not so full tbs flour
fruit (plums, apples, sour cherries, red or black currants... you need enough fruit to cover the bottom of 28 cm/12 inch pan)
1-2 tbs breadcrumbs

butter the pan and sprinkle with breadcrumbs. put the fruit on the bottom. combine the eggs, water, sugar and flour and pour over the fruit.

bake at 200-220°C/400-450°F for 15-20 minutes, then lower the temperature to 175°C/300°F and bake until the top is golden brown and a toothpick inserted in the senter comes out clean.

take out of the oven and let stand for a few minutes, then invert the cake on a bigger pan or serving plate or tray

if you use apples you can add cinnamon, and for sour cherries, mix them with 4-5 tbs sugar before putting them in the pan.

Share/Bookmark

1 comment:

Maja said...

nice... it looks yummy !