Friday, October 16, 2009

Тиква / Pumpkin


scroll down for english recipe





КОЛАЧЕ СО ТИКВА

Ова колаче уствари баба ми го вика Шарен колач и оригиналниот рецепт е без тиква. Јас му додавам тиква и зачини и се добива поголема количина тесто, па и подолго се пече, а може да се пече и во 2 помали тавчиња или дел да се испече во мали ватростални зделички како што направив јас овојпат. Понекогаш целата количина ја печам во правоаголно тавче 30 x 18 cm и дел од тестото во средината останува неиспечен, ама мене така ми се свиѓа. Ако не сакате недоиспечено тесто, не го преполнувајте тавчето.

Тиквата измијте ја, исечете ја на поголеми парчиња, ставете ја во големо тенџере со многу малку вода и динстајте ја 10тина минути со ставен капак, или додека не омекне. Потоа нека се олади и со лажица одвојте го месото од лушпата.

3 јајца
2 шољи шеќер
1 шоља зејтин (јас обично ставам помалку)
3 шољи брашно
1 шоља млеко (или помалку)
1 прашок за пециво
1 ванилин шеќер
месо од 2-3 парчиња динстана тиква
1 лажиче цимет
1 лажиче ѓумбир
малку мелено каранфилче, пимент, морско оревче

сето ова измешајте го, сипете го во подмачкано тавче (или тавчиња) со маргарин и печете го во загреана рерна на 200°C околу 20 мин., а потоа уште 15тина мин. на 150°C, или додека не се испече.


PUMPKIN BREAD


3 eggs
2 cups sugar
1 cup (or less) vegetable oil
3 cups all-purpose flour
1 cup (or less) milk
1 sachet baking powder
1 satchet vanilla sugar
1-2 cups pumpkin puree
1 ts cinnamon
1 ts ground ginger
ground cloves, allspice, nutmeg (optional)

mix all this, put in a buttered pan (or two pans) and bake at 200°C around 20 min., then 15 min. more on 150°C.


МАФИНИ СО ТИКВА

(за 12 мафини)

1,5 шоља брашно
пола шоља шеќер или мед
1 прашок за пециво
1 лажичка цимет + ако сакате и ѓумбир, каранфилче, пимент, морско оревче
1 јајце
пола шоља млеко или јогурт
1 шоља динстана тиква
1/4 шоља зејтин

измешајте сé и сипете во подмачкано тавче за мафини или во тавчето ставете хартиени чашки за мафини и печете ги мафините околу 20 мин. на 250°C.


PUMPKIN MUFFINS


(for 12 muffins)

1,5 cups all-purpose flour
1/2 cup sugar or honey
1 satchet baking powder
1 ts cinnamon + ground ginger, ground cloves, allspice, nutmeg
1 egg
1/2 cup milk or yogurt
1cup pumpkin puree
1/4 cup vegetable oil

combine everything and pour into buttered muffin tin оr papper cups and bake around 20 min. on 250°C.


Share/Bookmark

1 comment:

Maja said...

Auuu kakvi divni fotki ! prekrasni se !